500x100-1
05. 10. 2019 09:38

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (05.10.2019)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (05.10.2019)

 Дневен хороскоп

Овен

Доколку работите нешто обидете се да бидете претпазливи. Особено ќе биде забележува и се' што ќе кажете вие. Кога станува збор за љубовта, сите ваши страсти денес ќе бидат насочени кон партнерот. Искористете го тоа за да уживате, зашто во последно време многу поретко имавте ваква енергија. Бидејќи е викенд можете и да излезете некаде на прошетка, додека се' уште временските услови го дозволуваат тоа.

Бик

Вашата сила и енергија ќе бидат насочени кон љубовта. Она што ќе ве интересира е како да се постигне во врската да се биде целосно задоволен. Во текот на неделата работевте и мислите дека денес нема зошто да се "заморувате" со работата. Сосема сте во право, оставете го мозокот да ви се одмори, а на саканата личност пригответе и' романтична вечера. Уживајте во страстите.

Близнаци

Денес, ќе сакате да ставите точка на работите кои ви го одземаат вниманието и енергијата беше подолго време. Сосема сте во право, затоа што никој не е приморан да дозволува од некого да сбиде искористува. Понекогаш луѓето не знаат да се стопираат, додека истото не им се каже. Кога станува збор за љубовта, обидете се да бидете коректни во односот со вашиот партнер.

Рак

Мислите ќе ви талкаат на сите страни, па не е време да донесувате одлуки. Затоа ако денес мислите дека треба нешто да разрешите, оставете го за наредната недела. Никаде нема да ви избега. Она што е ваша секогаш ќе си дојде, не заборавајте ја таа изрека. Кога станува збор за љубовта ве очекува ден кога со вашата сакана личност и нема да имате некое особено меѓусебно разбирање.

Лав

Нема да сакате да работите, па тоа е и нормално викенд е. Но вашите претпоставени не размислуваат така, затоа завршете го делот од работата кој ви е наменет вам и опуштете се. Бидејќи денес, се' ќе ви оди на нерви, многу е голема веројатноста секој збор на вашиот партнер да ви оди на нерви. Затоа, не сфаќајте се' здраво за готово, понекогаш луѓето зборуваат и без значење. Секој сака да си го одмори мозокот.

Девица

Има ли подобри денови за дружење од викендите? Денес, соберете го вашето друштво кај вас или вие заминете кај нив и уживајте во разговорите со вашите блиски. Понекогаш хуморот знае да ни ја врати енергијата. Исто така доколку си го дозволите ова дружење тогаш очекувајте и флертување во текот на "забавата". Кога станува збор за вашиот партнер, ќе дојде до израз вашата страст, но по мала расправија.

Вага

Во текот на овој ден ќе се чувствувате напнато поради работата, ќе сакате нешто кое не сте можеле да го разрешите во текот на неделата, да го решите денес.  Попусто ја барате правдата онаму каде што ја нема. Вашата негативна енергија ќе ја пренесете и во вашата врска, но за среќа вашиот партнер нема ни на памет денес да се расправа. Сакајте си го она што го имате или обидете се да го имате она што си го сакате!

Шкорпија

Денес не очекувате да имате работа, но ќе излезе сосема спротивното.  Во еден момент дури и ќе се запрашате дали и' има крај на работата, затоа помирете се со фактот дека мора да ја довршите работата и направете го тоа без да се заморувате и разочарувате со мислењето. На крајот на краиштата кога ќе ви заврши работата можете да заминете и да се одморите или пак да му се препуштите на партнерот, затоа што љубовникот секогаш знае како да ви ја врати енергијата.

Стрелец

Денес, ќе се обидете да ги завршите работите кои ќе ви бидат на глава. Цела недела некако некои работи оставате на страна, но сосема сте свесни дека ве чекаат вас. Затоа довршете ги за да не си создавате дополнителни нервози, бидејќи емотивниот однос нема да ви биде на завидно ниво. Но, зарем за се' треба да се нервирате? Помислете малку и на вас!

Јарец

Во текот на овој ден особено ќе ви бидат нагласени вашите емоции, па затоа воопшто не водете грижа за другото. Секој човек заслужува одмор и релаксирање. Доколку сте слободни, излезете со вашите пријатели и забавувајте се. Доколку имате партнер, препуштете се во неговите раце, тој знае што треба да прави со вас.

Водолија

Кога станува збор за работата, ќе се забележи вашето незадоволство. Со некој не можете да се погодите во никој случај, иако ја избегнувате кавгата. Кога станува збор за љубовта очекувајте страствен ден.

Риби

Уште еден ден кога ќе сфатите дека не можете да направите се' што ќе посакате. И да сакате и да не сакате, сепак ќе морате да го прифатите тоа, никој нема да ве прашува вас. Ако е така и на тоа поле не можете особено да влијаете, тогаш можете на вашиот приватен живот. Доколку нешто не оди како што треба, обидете се тоа да го поправите, затоа што разговорот најчесто е лек за многу работи. Како и добриот сон.