×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (07.09.2019)

    07.09.2019 06:59 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп (07.09.2019)

    Дневен хороскоп (07.09.2019)

    Овен

    Веќе подолго време ќе очекувате некој да го валоризира вашето работење, а токму тоа ќе се случи денес. Исто така, можно е да бидете во некое поголемо друштво кое ќе ви го разубави денот. Во текот на ноќта ќе ве мачат сонови и со убава и со посериозна содржина, запишете си ги.

    На работата ако немате нешто убаво да кажете, тогаш е подобро да молчите.

    На љубовното поле, можно е да ве очекува состанок со една личност, која веќе долго време ви се допаѓа. Воедно, на истиот состанок би биле постраствени, но внимавајте да не се впуштате пребрзо, зашто истото може да остави лош впечаток.

    Бик

    Најголем дел од времето ќе го посветите на партнерот. Иако, ќе сте посериозни, не заборавајте дека и тој е човек кој сака пријатно да биде изненаден.

    На работата се' ќе ви оди од рака, а особено кажувањето на шеги за време на паузата.

    Љубовниот живот ќе ви биде посериозен, односно сите работи ќе ги земате здраво за готово, а истото може да го налути вашиот партнер. Но, среќа, зашто ситуацијата е краткотрајна.

    Близнаци

    Бидејќи во последно време постојано сте преокупирани со работата, не би било лошо за викендот да си дадете време и убаво да се наспиете, за да можете да ги наполните батериите.

    На работата веќе подолго време ве прати заинтересираноста и озбилноста, но немојте да се изненадите доколку луѓето околу вас не го сфаќаат истото.

    На љубовното поле денес ќе ве прати сомничавоста. Но, без да видите со сопствените очи, не го напаѓајте партнерот.

    Рак

    Денес ќе бидете романтично расположени. Можно е да сакате да се впуштите во врска или пак сето тоа ќе излезе во едно добро пријателство. Бидејќи ќе бидете поенергични, ќе се обидете да најдете начини за да ја канализирате енергијата.

    На работата, се' уште ќе ве мачи некое случување од пред некое време, понекогаш работите треба да ги оставите такви какви што се. Насмејте се!

    На љубовно поле, иако сакате да се впуштите во врска, сепак ќе се подразмислите за понегативните работи кои ги има личноста и дали би можеле да поминете низ истото.

    Лав

    Можеби можете вечерва да организирате некое случување, односно според планетите, доколку денес стапите во некој контакт, истото може да ви се одрази позитивно на професионалното поле.

    На работата, не критикувајте, зашто ако некој не работи според вашите принципи, истото не значи дека не работи добро. Човечкиот ум, понекогаш знае многу да биде мистериозен.

    Денес, ќе размислувате за работи за кои долго време не сте размислувале. Впуштете се во акција, нека не остане се' само на сонување.

    Девица

    Можно е денес "некои документи" да ви го потрошат најголемиот дел од времето. Иако сте спремни да ги менаџирате и административните работи и комуникацијата, сепак дадете им предност на "документите".

    Доколку на работата, во претходниот ден, имавте потешкотии, денес ќе бидете поопуштени и ќе стапите во контакт со повеќе ваши колеги.

    Доколку имавте планирано состанок со вашата сакана, најверојатно ќе треба да го одложите. Обидете се да не донесувате неразмислени одлуки.

    Вага

    По подолго време вашата финансиска состојба ќе почне да се подобрува. Бидејќи ќе видите дека вашиот труд се исплател, ценете го тоа и немојте постојано да се форсирате.

    На работата, за да постигнете нешто треба прво да си зададете цел. Затоа, дајте си пауза и продолжете.

    На површина ќе излезат некои чувства со кои не сте можеле долго време да излезете на крај. Истото ќе ви предизвика напнатост со партнерот. Затоа дајте си време за да размислите.

    Шкорпија

    Иако, вообичаено работите се одвиваат како што треба, сепак денес ќе се чувствувате тажни. Доколку можете бидете физички активни или излезете на забава со вашите пријатели. На работата ќе сакате да знаете што се' се случува, па дури и да оговарате.

    На неодамнешните случувања во вашиот љубовен живот на кои им имате посветено многу внимание, пак ќе им се вратите со "доза" на тага. Истото ќе ве пасивизира, доколку не го сфатите како лекција.

    Стрелец

    Можно е да не ги завршите сите работи кои си ги имате зададено, односно вашата енергија се сведува на минимум. Не се форсирајте, едноставно нема да биде крај на светот ако не завршите се' денес.

    На работата, не очекувајте луѓето околу вас да го прават она што ќе им го кажете. Денес ќе можете да се потпрете само на себе. Поставеноста на планетите ќе ве направи сомничави во врска со вашиот партнер, па дури и ќе се посомневале во неговата верност. На слободните припадници на овој хороскопски знак им се препорачува да не се впуштаат во врска додека не ги проверат сите информации.

    Јарец

    Голема е веројатноста дека ќе и' бидете потребна на некоја пријател/ка. Вашата способност за слушање ќе дојде до израз, па затоа употребете ја за доброто на вашиот близок.

    На работата, ќе бидете посебно расположени, па затоа искористете ја насмевката за денот да ви помине полесно. На љубовно поле, астралната енергија ќе ви овозможи да ги разгледате поубаво работите, па доколку не сте во врска, очекувајте изненадувања во текот на денот. Оние кои имаат партнер, денес ќе носталгични по минатото.

    Водолија 

    Можно е да сте под притисок доколку треба да завршите некој проект во текот на денот. Иако сте способни истото да го направите сами, побарајте помош. А во текот на вечерва, дозволете си уживање.

    На работата луѓето ќе сакаат меѓусебно да комуницираат, но не со вас. Заборавете на пристојноста, во мигот кога се' ќе ви стане неподносливо, станете и заминете од просторијата.

    Во тешките моменти од животот, работите знаат да бидат неподносливи, но подршката од оние кои ги сакате, денес многу ќе ви значи. Бидејќи сте свесни дека вашето прибежиште е вашиот емотивен однос кон работите, бидете искрени.

    Риби

    Во текот на овие денови бевте посконцентрирани, но денес концентрацијата ќе ви падне на пониско ниво. Сепак денес ќе кроите планови за во иднина. На работата,  гледајте веднаш да одговорите на телефонски повик или меил. Оставете ја линијата отворена.

    На љубовно поле, денес, ќе почувствувате одредена доза на несигурност. Некои ваши стравови ќе продолжат да ве пратат и денес, па ќе ја разгледувате ситуацијата од секој агол.

    Оние знаци кои се слободни, ќе бидат загрижени за својата љубовна иднина, која ја немаат.