500x100-1
07. 10. 2019 09:05

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (07.10.2019)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (07.10.2019)

Дневен хороскоп

Овен

Ве очекуваат некои финансиски проблеми, пa затоа кога станува збор за финансиите обидете се да ги намалите трошоците. Сепак, ве очекува некоја интересна средба, каде е можно запознавање на некоја нова личност.

Бик

Ве очекува разговор со некоја личност која ја почитувате многу, па тоа може и да биде некој претпоставен на вашата работа. Сепак, не плашете се да ја предложите вашата идеја. На емотивен план денес работите треба да се одвиваат сосема коректно, ново еден миг вие ќе направите некоја мала драма. Зошто правите и мравка слон?

Близнаци

Воглавно денес работите ќе ви одат од рака, но вие постојно ќе брзате и се' некако нема да бидете сигурни дали работите сте ги довршиле до крај. Како и да е, во вечерните часови ќе сакате да уживате со партнерот, меѓутоа тоа може да биде попречено од некоја ненадејна средба.

Рак

Денес за се' ќе бидете во брзање. Дури и ќе сакате побрзо да завршите и со работата, затоа што ќе ве чекаат и некои лични обврски. Истата енергија ќе ви се префрли и на љубовниот живот, па се' некако нема да ви оди од рака. Како и да е, незаборавајте дека после дожд доаѓа сонце.

Лав

Денес ќе се обидете да допрете до некои луѓе кои најчесто ги сметате за додевни, затоа што ќе треба да решите некој проблем на работа или само ќе ви биде потребна помош. Тоа најверојатно ќе бидат некои постари колеги. На емотивниот план, денес нема зошто да се грижите, затоа што ѕвездите ви се наклонети.

Девица

На работата очекувајте многу работа и доста пресврти. Добро, вие и не сте некој што само лежи, така што ова темпо ќе можете да го постигнете и издржите. Само сконцентрирајте се. На емотивен план ве очекуваат изненадувања.

Вага

Денес кај вас се' ќе се одвива брзо и ненадејно. Меѓутоа, не грижете се тоа нема нема да значи дека нешто не е во ред или пак дека ви заостанува работата. Едноставно некогаш времето и работите околу нас се надвор од нашата контрола. Сепак во текот на овој ден ве очекува и некоја средба со "фатална" личност за која нема да останете рамнодушни.

Шкорпија

На работата денес и нема се' да ви оди од рака. Во еден миг ќе сакате се' да оставите и малку да се опуштите. Можеби и тоа ви е паметна одлука, меѓутоа внимавајте да не го забележат тоа вашите колеги. Кога станува збор за љубовта, вашата енергија ќе ја префрлувате и на вашиот партнер. Обидете се да не правите драми за некои мали ситници.

Стрелец

Иако овој ден се' некако ќе ви биде во брзање. Сепак, тоа нема да ви пречи, а тоа што ќе запознавате и нови луѓе кои можат да ви станат се' поинтересни. Кога станува збор за љубовта, најверојатно почнувате да ги гледате работите во розов превез, а така е многу подобро.

Јарец

Денес, на работата може да ви се случи пресврт, кој од вас ќе биде условен дали ќе биде позитивен или негативен. Не им пристапувајте на работите секогаш од негативната страна. Кога станува збор за љубовта, денес ќе се обидете да дознаете некои работи за партнерот за кои сте биле заинтересирани подолго време. Меѓутоа, не судете пред време.

Водолија

Денес ни самите не знаете што сакате а не пак луѓето околу вас да го знаат тоа. Во еден момент ќе бидете весели и расположени, а во друг момент ќе сакате да се надмудрувате. Како и да е, можеби најдоброто решение е попладневните часови да ги поминете сами, па да можете и да се одморите.

Риби

Денес на работа постојано ќе си размислувате за вашиот приватен живот, па дури во еден момент некој кога ќе се обиде да се пошегува со вас, вие ќе имате бурна реакција. Контролирајте се, не се виновни вашите колеги за вашите недоумици. Кога станува збор за љубовта, денес ќе имате чувство како да не знаете што треба да правите со вашиот партнер.