×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (08.09.2019)

    08.09.2019 08:30 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп (08.09.2019)

    Дневен хороскоп (08.09.2019)

    Овен

    Денес е денот кога треба да ги употребувате своите практични шеги. Односно да останете дома и да бидете меѓу познатите е добра препорака за вас. Бидејќи ќе ви оди со шегите, немојте да ја заборавите насмевката. Не дозволувајте некој да влијае негативно на вас зашто истото ќе предизвика да сакате да останете сами.

    Секое кратко денешно патување за вас може да значи успех. Доколку на некој му е потребна помош да заврши некој работа, надвор од работното времe, помогнете му.

    На љубовен план, само доколку се трудите ќе успеете да го исполните она што сакате. Вие знаете да го направите тоа, но немате воља. А дали имате љубов? Ако имате, време е да се потрудите.

    Бик

    Денес може да ви се случи нешто кое ќе ве" извади од кожа". Бидете попродуктивни со оние кои ве почитуваат, затоа што тоа го заслужуват.

    На работата од особена важност е вашата комуникација. Внимавајте што зборувате и обидете се да не кажете нешто кое вашиот шеф не сака да го слушне.

    Денешните случувања од вашиот живот можат негативно да влијаат на вашите односи со партнерот. Денешното поставување на ѕвездите за вас може да значи доживување на нова афера, која може да ви го уништи он што си го имате.

    Близнаци

    Веројатноста, денес, нешто да не ви е јасно е голема, не се нервирајте зашто не можете се' да знаете. За да не отидат работите во погрешен правец, обидете се да слушате.

    Денес може да бидете исфрустрирани од некој кој работата ја прави само површно, а вие знаете дека треба да се сконцентрирате на деталите, зашто тие ја прават целината. Пријдете на некој колега со разбирање, а не со наденост и со таквиот став ќе можете да ги средите работите.

    Бидејќи планетите денес би даваат енергија со која би можеле да ги исполните вашите цели, искористете го тоа. Имајте самодоверба и не плашете се, ако сакате да ризикувате направете го тоа, зашто ќе се чувствувате како одново да сте родени.

    Рак

    Бидејќи денес ќе бидете во добра состојба за размислување, ќе можете да ја погледнете пошироката слика. Размислете каде сакате да бидете за 5 или 10 години и преземете ги работите во вашите раце, никој нема да ги направи тоа за вас.

    На работата, можете да слушнете некои непријатни шеги кои се однесуваат на вас.  Дадете се' од себе за истото да го решите дипломатски.

    Бидејќи вие најчесто сакате суптилен пристап, денес некој кој е многу гласен ќе се обиде да ви се приближи, па ќе дојдете во ситуација да го избегнувате. Но зошто да трпите нешто што не сакате, бидете отворени и кажете му го истото.

    Лав

    Можно е да се најдете помеѓу еден начин на размислување и една друга перспектива на гледање на работите. Доколку се држите до стариот начин на размислување, секако ќе бидете поемотивни, размислете за тоа да го смените вашиот начин на поглед на работите и да поработите на плановите за вашата иднина.

    Денес, на работата ќе се трудите на некој да му објасните нешто, но голем се можностите да не успеете во тоа. Почекајте и обидете се пак утре.

    Денес, ќе биде погоден ден за остварување на вашите желлби, сонови и цели. Вашиот љубовен живот после овој ден може да се смени засекогаш. Што и да е во прашање немој да чувствувате грижа на совест.

    Девица

    Некои луѓе околу вас, денес, би можеле да бидат доста негативно расположени, па со самото тоа вашето адаптирање ќе биде ставено на тест. Понудете им го своето рамо за плачење, но контролирајте ги емоциите.

    На работата, ќе бидете посебно продуктивни. Бидејќи сте во состојба да ја завршите работата во целина, поделете го тоа и со останатите, за да се почувствуваат како дел од нешто и со самото тоа ќе постигнете дупол успех.

    На љубовното поле, денес, ќе бидете неодоливи. Некоја личност, од непозната за вас причина успева да влијае на вас. Веројатно станува збор за силни емоции, па попуштете им на емоциите, бидејќи и вие не сте од камен.

    Вага

    Обидете се да бидете внимателни и да одите корак по корак.

    Денес ќе посакате да направите промена во вашата врска. Ќе се запрашате како досега имавте трпение толку многу. Не претерувајте. Денес, само сте посебно емотивни и се' ви пречи. Утре се' ќе изгледа поразлично.

    На работата внимавајте да не паднете ментално, бкдејќи тоа знаере да го правите почесто. Доколку ви се довери нешто за да сработите сами, следете ја вашата интуиција.

    Шкорпија

    Сосема е лесно денес да преземете сопствена иницијатива. Среќата е на вашата страна и ќе можете финансиски да вложите во некоја работа за која долго време размислувате.

    На работното место ќе бидете доста расеани, па ќе ви биде тешко да се сконцентрирате. Исто така, внимавајте да не претерувате со кафињата на работата.

    Иако упорно се трудите да ги контролирате своите емоции, затоа што ви се само вас познати, тоа нема да биде можно. Кога ќе ја сретнете таа личност, повеќе од очигледно ќе биде дека не можете да ги задржите емоциите.

    Стрелец

    За да имате успешен ден, најважно е да ја одржувате стабилноста, затоа што односите кои дневно ги градите се тие кои ќе ви опстанат во иднина.

    Некој ќе се обиде да ви го предложи неговиот план, што може да ве извади од кожа

    Пред се' да видите, не преземајте ништо

    Доколку сте во врска, најверојатно ќе се чувствувате поубаво, а ако сте слободни, можно е да ви се оствари долгоочекуваниот сон. Хемијата помеѓу вас ќе биде неизбежна.

    Јарец

    Припадниците на овој хороскопски знак ќе имаат доста интересен ден. Емоциите кои ќе ви се поизразени денес, ќе ви помогнат за разрешување на некоја ситуација. Истражете го секој детал кој ве интересира за после да не се каете .Уживајте во стабилноста.

    На работата ќе бидете особено продуктивни и во однос на работа и во однос на воспоставување на контакт со вашите колеги. Успехот е секогаш тимски, чувајте ги таквите луѓе околу вас

    Доколку знаете како сакате да изгледа вашиот љубовен живот, почнете со реализацијата. Ако не сте со личноста која ја сакате, обидете се да најдете начин за да допрете до неа. Одете со позитивен дух доколку сакате да направите промена

    Водолија

    Повторно ќе се чувствувате дека удирате со главата во ѕид. Ќе ви недостига "она нешто" во емоциите и ќе бидете потврдоглави од вообичаеното. Колку помалку барате толку повеќе ќе добиете.

    На работата не потпирајте се на другите. Имајте на ум дека ја немаат сите вашата аналитичка моќ за правилно расудување на работата.

    Иако на љубовното поле веќе долго време ви треба нов почеток, вие се плашите да го направите истото. Ако навистина знаете што сакате, бидете упорни и храбри.

    Риби

    Денес бидете насмеани! Ширете околу себе љубезност и опуштеност. Кога ќе и се препуштите на позитивната енергија, ќе видите како можностите сами ќе си дојдат.

    Имате доста вредни луѓе околу вас на работата, вреднувајте го тоа, доколку успеете "да ги фатите" на позитивно, тогаш ќе успеете да завршите добра работа.

    Ако во овој период го имате занемарени вашиот партнер тогаш може да дојде до расправија. Немојте да тврдите дека сте во право доколку не сте, бидете реални.