×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.10.2019)

    08.10.2019 07:41 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (08.10.2019)

    Овен

    Во текот на овој ден, најверојатно ќе сте молчеливи, зашто ќе сакате да си ги завршите обврските до крај, а пак другите околу вас ќе го сфатат како дистанцираност. Никому не сте должни да му давате објаснување по сто пати. Едноставно правете го она што мислите да го правите и не оптоварувајте се за тоа како ќе бидете разбрани од луѓето. На крајот на краиштата пак сета работа ќе ви остане вам.

    Бик

    Во текот на овој ден ќе чувствувате притисок кога ќе треба да се сретнете со некој луѓе со кои ќе треба да остварите соработка. Сето тоа е вообичаено, доколку не ви трепери телото тогаш значи дека истото воопшто за вас нема значење. Како и да е, сепак обидете се да се контролирате, за да оставите впечаток на стабилна личност. Инаку на љубовно поле, денес очекувајте ден полн со страст.

    Близнаци

    Вашиот живот зазема некоја неверојатна брзина на одвивање и вие тоа повеќе како да не можете да го контролирате. Денес ќе бидете преплавени со информации, па не одлучувајте веднаш, оставете малку да ви легнат работите и да размислите со ладна глава. Кога станува збор за љубовта, не спречувајте се ако сакате да му покажете на партнерот колку ви значи. Не ја мешајте патетиката со љубовта. Љубовта е најубавото чувство кое ги придвижува сите работи.

    Рак

    Ден во кој може да дојде до израз вашата љубопитност, вашата креативност и страста кога станува збор за љубовта. Разликата помеѓу добар и најдобар работник е токму тоа што добриот работник ја извршува работата како што треба, а најдобриот работник ја извршува истата работа на тој начин ама со страст. Токму страста е таа која му ја овозможува неговата креативност. Ваквото убаво расположение ќе го пренесете и на вашата љубовна врска, па затоа очекувајте романтични и страствени моменти.

    Лав

    Во текот на овој ден работите околу вас нема да се одвиваат онака како вие посакувате. Односно, луѓето ќе ви се користат околу нозетее а тоа само ќе ви ја забавува работата и ќе ве прави помалку продуктивни. Истото нерасположение ве очекува и во љубовниот живот, односно ќе мислите дека вашиот партнер постојано ве оптеретува со свои работи, но зарем не помислувате дека понекогаш компромисот не подразбира попуштање, туку и гледање на работите од друга страна.

    Девица

    Ќе ви се случуваат некои новости на работата, а од вас ќе се очекува вие да сте тие кои ќе преземат некоја иницијатива и да ги постават работите на свое место. Можеби и треба да ги направите истото, не треба секогаш сите да се кукавици. Кога станува збор за љубовта, ве очекува мирен и стабилен ден.

    Вага

    Ќе бидете збунети со однесувањата на вашите колеги, но сепак ќе сакате да го занемарите истото. Доколу помислите дека некој ве оговара, немој да се оптеретувате со работи кои само можат негативно да ви влијаат на расположението. На крајот на денот, тоа нема да ви направи никаква разлика. На емотивниот план очекувајте променливо расположение.

    Шкорпија

    На почетокот на денот ќе бидете целосно еуфорично дека ќе ја завршите сета работа која ве чека. Меѓутоа, тоа нема да ви направи никаква посебна разлика, затоа што расположението во текот на денот ќе ви смени. Очигледно е дека вашите љубовни маки и тоа како ви влијаат на се' околу вас. Можеби е време да размислите што треба да преземете во врска со таквите чувства.

    Стрелец

    Пред вас, во текот на овој ден, ќе се најдат одлуки кои ќе чекаат на вас. Меѓутоа иако вие сте постабилна личност, денес нема да сакате да донесувате одлуки. Вашата неодлучност ќе ви оди на нерви, ама некогаш имате чувство како да не можете да влијаете на вашето расположение. За љубовта? Истото, крајна неодлучност и конфузност.

    Јарец

     Ќе сакате она што ви е ветено да ви биде и исполнето, меѓутоа не бидете со преголеми очекувања. Многу е голема веројатноста дека нема ништо да излезе од тие ветувања. Кога станува збор за љубовта, свртете се кон вашиот партнер, тој чека на вашето внимание, додека вие постојано "гледате" на страна. Не правете го на никој она што не сакате да ви се прави вам.

    Водолија

    Премногу сте уморни? Тогаш завршете ја работата и дадете си го потребниот одмор. Секое тело бара и физички и психички одмор. Никој не може да биде активен 24/7. Доколку сакате да здивнете сами, тогаш кажете му го тоа и на вашиот партнер или пак ако сте слободни, кажете им го тоа на пријателите доколку се упорни за излегување.

    Риби

    Ќе бидете преплавени со работата, но понекогаш токму преплавувањето од вас ќе направи добар пливач. Не плашете се да се нурнете во длабокото. Како и да е, денес ѕвездите ви се наклонети, па ве очекува убаво расположение. Уживајте во прегратките на вашата сакана личност.