×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (09.09.2019)

    09.09.2019 08:47 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп (09.09.2019)

    Дневен хороскоп (09.09.2019)

    Овен

    Веќе подолго време сте затворени во себе, па може да се рече дури и како да сте во кафез. Дозволете на луѓето да допрат до вас, може да доживеете убава трансформација. Кога ќе се ослободите од прангите,  тогаш ќе ја почувствувате убавината на слободата.

    На работата, направете напори да добиете поголем работен ангажман, а не постојно некому да му помагате, понекогаш размислете и на тоа дека и вас во се потребни поени кај вашите претпоставени.

    На љубовно поле, денес ќе бидете особено храбри, па ќе и' се приближите на личноста која веќе долго време ви се допаѓа. Меѓутоа, доколку сакате да допрете до неа треба да знаете да правите компромис.

    Бик  

    Можеби, денес, ептен ќе се мачите да издржите да не кажете нешто кое го мислите долго време. Зборовите ќе ви бидат на врвот на јазикот. Бидете внимателни кон другите, не им ги пренесувајте вашите проблеми.

    Денес, доколку сакате да ги освоите симпатиите на некоја личност, тогаш излезете од домот, но бидете во друштво на некој кој е на иста бранова должина со вас. Припадниците на овој хороскопски знак кои се во врска, нека се обидат позитвно да го изненадат својот партнер.

    На работата, доколку имате некои иновативни мисли, тогаш кажете ги. Не се сомневајте во себе.

    Близнаци

    Вашиот ум денес е со кристална јаснотија. Бидејќи поседувате моќ да решавате друштвени проблеми, вашата комуникација нека биде со самодоверба. Контактирајте ги луѓето кои долго време ги немате слушнато.

    На работата ако не бидете внимателни може да дојде до додатна тензија. Запомнете дека работите како тим, нема потреба да се натпреварувате меѓу себе.

    На љубовното поле е можно освежување на емоциите, особено ако претходно сте имале потежок период. Денес, ќе видите дека сте заљубени во вашиот партнер и ќе уживате во истото.

    Рак  

    Обидете се да не бидете дел од нечии "валкани алишта". Доколку со некого не се согласувате, кажете го истото на глас. Немате никаква потреба да се главите во туѓа кал.

    На работата ќе забележите дека не е се' во тоа да се работи сам, односно ќе видите дека и најмалиот напор кој се вложува во тимска работа, може да се исплати. Меѓутоа, ако имате некоја своја идеја, тогаш кажете ја.

    Некој кој го имате запознаено пред кратко време, почнува да ви посветува внимание. Немој да се чудите што имате најдено нешто што сте барале, од погледот на животот, па се' до слично хоби.

    Лав

    Денес особено ќе бидете продуктивни и ќе знаете што треба да правите. Меѓутоа, доколку подолг период штедевте на купување на нов мобилен или плаќање на сметки, размислете за истото.

    Доколку на работата гледате само негативно, тогаш нема да добиете никаква награда, но доколку се обидете да го смените вашиот начин на гледање, тогаш работите ќе станат поинакви.

    На љубовно поле повторно ќе ви се враќаат слики од минатото. Доколку, во минатото сте имале личност која многу ви значи, а сакате да остварите контакт со неа, направете го тоа. Но доколку во моментот до себе имате некој кој ви значи, тогаш еднаш за секогаш расчистете со минатото.

    Девица  

    Не бидете само слушател, туку и активен член во комуникацијата. Им дадовте можност на сите да се изразат? Добро, тогаш вклучете се и вие и кажете јасно и гласно што мислите, тоа ќе ви отвори нови врати.

    На работата размислете за вашите долгорочни планови. Што значи тоа? Па за да можете да ја "зградите" можноста која ви е пред нос, вид прво морате да знаете што сакате.

    Денес не е погоден ден за вас за љубовта. Тешко дека ќе сретнете некој кој ги исполнува вашите критериуми. Затоа препуштете му се на дружењето.

    Вага  

    Вашиот ум е доста бистар, доколку се срамите или плашите можете да направите грешка. Она што ви е најважно денес е вашиот бистар ум, затоа искористете го тоа.

    На работата доколку претходно сте имале неуспешна работа, оставете ја зад себе и обидете се да направите нешто подобро.

    На љубовно поле, денес за вас се' ќе биде идеално,  на личноста којашто ви се допаѓа нема да можете да и' го сокриете истото. Внимавајте, кога се отворате на некој непознат, за да не бидете повредени.

    Шкорпија  

    Повторно сте дома? А што чекате? Сакате да ви се случи нешто убаво? Па тогаш излезете од дома и ако нешто сакате да добиете, направете напори. Ништо нема да ви дојде само по себе, без ваше учество.

    На работата, околу попладневните часови можна е конфузија, затоа направете си план од самиот почеток.

    Кога се работи за љубовта, денес ќе бидете особено самоуврени дека може да постигнете што и да посакате. Сепак, внимавајте на можни разочарувања, нека ви биде на ум и тоа.

    Стрелец

    Ништо нема да може да ви избега од погледот. Дури кога имате време може и да играте некоја игра која го вежба вашиот мозок. Моќта денес ќе биде во ваши раце, искористете го истото.

    Добар тимски играч сте, но на врвот сте до вашето сопствено постигнување. Со само мал чекор ќе успеете да го направите она што го сакате. Очекувајте валоризирање на трудот.

    Кога станува збор за љубовта, денес често ќе си го поставувате прашањето зошто нешто кај вас не функционира. Наместо вината да ја барате кај некој друг, обидете се повеќе да бидете насмеани и да зрачите со позитивна енергија.

    Јарец

    Некој ќе се обиде да ве надмудри и сето тоа може сосема негативно да ви се одрази. Затоа преземете ги конците во ваши раце.

    На работата доколку имате некоја можност која не сте ја искористиле вчера, направете го тоа денес. Направете го тоа веднаш, пред другите да ве разубедат.

    Кога станува збор за љубовта би можело да се случат посериозни разговори, односно на припадниците на овој хороскопски знак кои се во врска можно е да им се понуди заедничко живеење. За слободните е можна средба со некој кој многу ќе им се допадне и тоа на најнеочекуваното место.

    Водолија  

    Комуникацијата за вас ќе биде од особено значење, односно вие ќе бидете јадрото на секоја информација. Сега сте во можност многу да научите, затоа искористете го истото.

    На работата обидете се да внесете барем малку поведар дух, не мора да значи дека ако сте на работа, дека сте во кафез.

    Кога станува збор за љубовта, денес, може да размислувате за некоја личност која скоро ја имате запознаено. Не се препуштајте на слепо сонување и идеализирање, можно е кога ќе ја сретнете да видите дека не е се така розово.

    Риби  

    Денес ако сакате да се чувствувате убаво, не молчете. Можно е тоа да предизвика непријатна ситуација. Затоа отворете се и вие за да можете да слушнете нешто кое ќе ви го разубави денот. Исто така, бидете достапни и за можностите кои ви се нудат.

    На работата, се' ќе зависи од вас. Односно, доколку некому не му дозволите да се однесува лошо спрема вас, тој нема да смее да го прави истото.

    На љубовно поле ќе бидете расположени за флерт, а и нема да сакате истото да го криете. Можно е некој кој веќе подолго време има симпатии кон вас, истото да го забележи и да ужива во тоа, па и вие да забележите нешто кое ви го криел подолго време.