500x100-1
30. 10. 2019 08:03

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.10.2019)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.10.2019)

Дневен хороскоп

Овен

На изненадувачки начин ќе добиете нешто на кое не се надевавте. Нема да сте сигурни дали резултатот е реален или не. На љубовен план, ви се отвораат картите и вие настапувате се' поотворено и поотворено, но не заборавајте дека љубовта ја сака и мистеријата.

Бик

Од раните утрински часови ќе бидете со позитивно расположение, односите со вашето семејство значително ќе се подобрат. На финансиски план малку ќе се опуштите, додека на емотивно поле ве очекува релативно мирен ден. Очекувајте и нови познанства.

Близнаци

Многу работа е пред вас и нема да бидете во состојба да престанете да размислувате само на професионалното поле. Ништо ново и невообичаено за вас. На љубовен план, ќе забележите дека ја запоставувате саканата личност, па затоа обидете се за да се искупите барем да и' напишете некоја убава порака.

Рак

Некои промени кои сакате да ги направите на професионално поле се можни, но мора многу да работите и да бидете посветени. Понекогаш е потребна макотрпна работа, затоа засукајте си ги ракавите. На љубовно поле, ќе забележите дека саканата личност не ви посветува многу внимание. Дајте и' простор, затоа што љубовта треба да ослободува.

Лав

Се обидувате да тактизирате по некои прашања, затоа внимавајте да не се разочарате од резултатот. Вистинската приказна треба да ви биде секогаш приоритет, затоа што на крајот секогаш победува вистината. На љубовно поле ќе му замерите на партнерот дека не ви посветува доволно внимание, без да се запрашате дали проблемот е во вас. Размислете!

Девица

Невообичаено сте уморни и статични, на професионалното поле нема да ви оди баш најдобро. Дури на момент и ќе помислите дека премногу ве заморуваат со непотребни работи. На љубовен план, ве очекува дистанцирање од партнерот. Размислете дали го сакате тоа, можеби е време да размислите до каде имате стигнато и дали гледате заедничка иднина.

Вага

Во текот на овој ден можно е да не ви се случи она што го сакате. Меѓутоа, не го сфаќајте тоа толку трагично. Ако нешто не сте успеале да го остварите, тоа не е неуспех, понекогаш е и лекција. Не пренесувајте ја негативната енергија на љубовното поле, прегрнете ја саканата личност и одморете си ги мислите во нејзините прегратки.

Шкорпија

Чувствувате умор и исцрпеност во текот на овој ден. Едвај чекате да завршите со работата и да си дојдете дома. На љубовен план, не сте сигурни што сакате да направите и не сте баш во некој "фазон", можеби најправилното е да се одморите во домашна атмосфера.

Стрелец

Свесни сте дека договорот или соработката која ја имате покренато дека е добра. Сепак ќе чувствувате притисок од вашите надредени. На љубовен план, потрудете се околу односите со вашиот партнер, се' е лесно само на површината, но убавото е во длабокото.

Јарец

Денес нема да бидете расположени за работата, меѓутоа професионално ќе си го изработите она што ве засега. На љубовен план нема да бидете многу задоволни од комуникацијата со вашиот партнер, обидете се да го сослушате пред да го осудите.

Водолија

Во претпладневните саати ќе бидете особено активни, меѓутоа во текот на денот ќе ви падне енергијата и тоа ќе придонесе за непродуктивност на работата. Ако почесто ви се случува ова, размислете за причините, бидејќи во последно време знаете да бидете нервни. На љубовно поле, не сте задоволни од ситуацијата

Риби

Иако на почетокот на денот успешно ќе ги завршите работите, сепак нема да бидете задоволни целосно од постигнатото. Доколку ви се понуди помош, прифатете ја затоа што не можете се' сами. На љубовен план, денес ве очекуваат мали нервози затоа што вашиот партнер некако постојано ќе ги повторува работите кои особено ве нервираат.