500x100-1
31. 10. 2019 10:06

Дневен хороскоп

Дневен хороскоп

Овен

Иако секојдневните обврски ви одземаат од енергијата, сепак во утринските часови ќе бидете посвежи и подготвени за работа. На емотивен план чувствувате силен емотивен импулс и потреба да и' се приближите на саканата личност. Направете го она што срцето ви го бара!

Бик

Прилично ќе бидете изненадени од информациите кои ги добивате. Обидете се да се "соберете" и да бидете сосредоточени на работата. На емотивен план, се' повеќе сте заинтересирани за личноста со која постојано сте во контакт.

Близнаци

Потребно ви е малку време да се присоберете и да  видите до каде сте стигнале. Нема да ви се јасни односите со други луѓе, едноставно понекогаш само набљудувајте и молчете. На емотивен план, дајте му простор на вашиот партнер.

Рак

Обидете се денес да посветите повеќе време и на вас самите. Подолго време сте ангажирани на сите страни и никој за тоа не ви кажува благодарам. Време е да излезете некаде и да се позабавувате, ама во некој нов круг на луѓе.

Лав

Веќе во претпладневните часови ќе успеете да си ја завршите работата и ќе се посветите на она што вам ви се допаѓа. Дури и ќе бидете расположени да му помогнете на вашиот партнер. На љубовен план, нема да бидете задоволни со односите со вашиот партнер, па ќе се повлечете во себе.

Девица

Иако некои луѓе денес воопшто нема да ви влијаат позитивно, сепак ќе успеете да оддржите некое задоволително ниво на комуникација. На љубовен план, постојано размислувате за некоја личност која ви го окупира мислењето, но страв ви е да направите конкретен потег.

Вага

Свесни сте дека за некоја ситуација е потребно трпение, но веќе сте уморни од одолговлекување на работите. Сето ова ќе придонесе да се повлечете во себе, па попрепорачливо е да излезете со вашите пријатели, наместо со партнерот. Денес ви е потребен разговор со пријател.

Шкорпија

Во еден момент ќе бидете премногу повлечени во себе, но во наредниот момент ќе бидете премногу активни. Во текот на целиот ден ќе се чувствувате чудно. На вашиот партнер ќе му замерите дека се однесува сосема неодлучно.

Стрелец

Преголема несигурност ќе чувствувате во текот на овој ден, затоа што нема да знаете дали е вистинскиот момент за да преземете нешто. Барате вистинска можност за да и' покажете на некоја личност дека навистина ви значи, но ако не сте целосно сигурни, оставете ја одлуката за утредента. Не избрзувајте!

Јарец

Од сите страни сте преоптоварени со информации,  чувствувате силен притисок и не знаете на која страна да се свртите. Едноставно, обидете се да не ја поминете вечерта со луѓе кои ви носат негативна енергија во последно време, па макар тоа и да е вашиот партнер. Никој не заслужува да биде "злоупотребуван".

Водолија

Постои можност за грешки, особено во претпладневните часови. Обидете се да не избрзувајте со одлуките, држете се до народното "брза кучка слепи кутриња раѓа". Ќе уживате во флертување и добра комуникација со спротивниот пол.

Риби

Во текот на овој ден ви претстои можност да ги решите работите кои ги одолговлекувате подолго време. Обидете се да ги подобрите односите со колегата на работа со кој се имате замерено, затоа што ќе ви биде потребен. На љубовен план ви претстои олеснување во односите со вашиот партнер.