500x100-1
08. 10. 2019 16:06

Докторите советуваат како да се заштитите од настинка

Докторите советуваат како да се заштитите од настинка

Од вкупните лекарски прегледи на ниво на светот, околу 30 отсто ги сочинуваат акутните респираторни инфекции. Возрасните лица заболуваат од 3 до 5 пати годишно, а пак децата почесто од 4 до 7 пати.

*НАСТИНКА

Настинката е респираторна акутна болест од вирусно потекло. Најчесто се манифестира со: кивавица, течење на воденикав или слузест секрет од носот, но без општи симптоми на инфекција. Исто така како чест симптом се јавува и главоболката се покачена телесна температура од 37 до 38 Целзиусови степени.

Настинката на здравите личности најчесто се пренесува преку: капки, кашлање, кивање, бакнување, ракување со лице кое кивало или кашлало во рацете.

 *ЛЕКУВАЊЕ НА НАСТИНКА

Кога станува збор за лекувањето,  д-р Јелена Биџиќ во својата статија "Превенција на настинка и грип", вели дека лекувањето на настинката е симптоматско со намалување на телесната температура со антипиретици (ибупрофен, парацетамол, ацетил-салицилна киселина), користење на капки за нос кои го олеснуваат дишењето и ја намалуваат секрецијата од носот, како и мирување.

Исто така докторката за превенција од настинката препорачува јакнење на имунитетот преку конзумирање на витаминот Ц, цинк и магнезиум. Потоа проветрување на просториите, престој на свеж воздух, лична хигиена, т.е миење на рацете кога се ракувате со некој кој има настинка или грип, како и одмор, спиење но и физичка активност.