Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, задутре (среда) ќе се одржи концерт посветен на големиот композитор и музичар, нашиот сограѓанин, Миодраг Божиновски.
На концертот ќе настапат познати имиња од македонската естрада: Виолета Томовска, Маргица Антевска, Перо Христов, Сандра Милковска, Ефто Пупиновски, Нино Величковски, Росана Сариќ Тодоровска, Магдалена Бозиновска- Стојанова, Никола Даводовски-Гари, октет Куманово, група Сирма, народниот оркестар Пријатели, Кумановски тамбураши и др.
Во рамки на одбележувањето на 500 години Куманово, ова е првиот од поголемите настани што го организираме, концерт, музичко сеќавање, омаж на творештвото на Миодраг Божиновски- Мичо, човек кој остави трага во делот на музичкото живеење во градот. После Трајко Трокопиев, тој е еден од најмаркантните музички ликови во градот, почнувајќи како композотор, продуцент, диригент, корепетитор, професот во нижото музичко училиште и оснивач на октетот Куманово 1983 година, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.
Божиновски е автор на голем број песни на пејачи од македонската естрада, а особено се паметат хитовите:Стариот џумбушлија, Бабино девојче, Мојата серенада, Свирете ми тамбури, Во светот на бајките, има напишано и дела за сериозна музика и за театар.
Концетото ќе се одржи на големата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот. Планирано е да трае повеќе од 2 часа. Билетите се бесплатни и можат да се подигнат на балгајната во Центарот за култура.
Миодраг Божиновски е роден на 20 мај 1952 година, а почина на 10 август 2011 година.