×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

    18.05.2019 23:41 | KumanovoNews

    Данкан Лоренс од Холандија и песната „Аркада“ победи на годинешнава Евровизија, која се одржа во Тел Авив, Израел. Тамара Тодевска освои 8 место и го постигна највисокиот пласман на Северна Македонија досега, со песната „Горда“.

    Холандија победи на Евровизија, Тамара на осмо место

    Според гласањето на професионалните жирија од земјите учеснички на фестивалот Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и долго време беше на првото место на табелата. Гласањето на жирото го заврши на второ место со само 2 поена зад Шведска. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 58 бода, заврши на осмото место.

    „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.