500x100-1
08. 10. 2018 12:30

Како до добра инспирација

Како до добра инспирација

Моќта на одличната идеја не може и не смее да се потцени. Со една одлична идеја, можете да создадете мулти милионерска компанија. Можете да ги решите проблемите во светот. Една одлична идеја може да го промени вашиот живот.

Слично е како приказната за Исак Њутн. Њутн седел под јаболкница, кога јаболкото паднало над неговата глава. Веднаш после тоа на Њутн веднаш му текнала одлична идеја - теоријата за гравитацијата со која се промени како луѓето го гледаат светот.

Проблемот со оваа приказна е тоа што воопшто не е вистина затоа што му било потребно долго време за да работи на нештото.

Голем број луѓе мислат дека идеите доаѓаат сами. Така не работат. Морате активно да ги барате, да работите... Доколку сакате вашиот живот да биде променет со една одлична идеја, морате да започнете да ја барате. Бидете активни, а не пасивни. Правете работи кои ментално ќе го стимулираат вашиот мозок за тој да роди идеи. Работи како:

1. Бидете во друштво на брилијантни луѓе

Одличните идеи не доаѓаат сами. Тие често доаѓаат во комуникација со другите луѓе. Малите идеи постојано се испреплеткуваат во разговорите додека не се случи нешто неверојатно. Токму затоа одличните писатели поминуваат време со други добри автори. Некој ќе каже нешто паметно и брилјантно, и разговорот ќе започне да тече. До крајот на дискусијата, ќе измислите нешто одлично.

2. Променете ја вашата средина

Никогаш не ја потценувајте моќта која вашата средина ја има врз вас и вашата способност да создавате идеи.

Размислете на сите луѓе кои биле инспирирани од природата. Одличниот град може да го има истиот ефект. Патувајте повеќе и излезете од вашата секојдневна средина. Можеби токму ова ви е потребно за да станете креативни.

3. Направете нешто возбудливо

Кога правите нешто возбудливо, ќе се чувствувате живи и исполнети. Вашето срце ќе биде полно и ќе постигнете повисока состојба на умот.

Сета таа возбудва го ослободува умот и го освежува со нови идеи и мисли. Токму во оваа состојба на возбуда, престанувате да гледате препреки. Вашиот ум е отворен за нови можности.

4. Оставете го вашиот ум да лута во тишината

Кога последен пат сте седнале во тишина и сте го оставиле вашиот ум да размислува?

Во ова модерно време, околу вас има толку многу врева што нашиот ум е повеќе од вознемирен. Секогаш го проверуваме Фејсбук и ги спречуваме новите идеи да дојдат.

Тишината може да биде одлична за јасно размислување. Кога ќе го пуштите вашиот ум да лута ќе бидете изненадени од сите идеи кои ќе ги добиете.

5. Испитувајте ги и истражувајте ги идеите на другите луѓе

Историјата е полна со одлични луѓе на кои им текнале одлични идеи. Зошто да не ги проучувате?

Погледнете некои од брилијантните идеи кои веќе се случиле и анализирајте ги зошто станале одлични. Како ги промениле работите? Како овие луѓе им пристапиле на проблемите?

6. Истражувајте ја вашата креативна страна

Креативните идеи не доаѓаат од никаде. Тие доаѓаат од креативната страна на вашиот мозок. Така што, доколку ја тренирате таа страна од вашиот мозок, сигурно дека ќе добиете подобри резултати.

Бидете во допир со тој дел на вашиот ум. Бидете креативни. Нацртајте нешто или напишете кратка приказна. Правете креативни работи коишто нормално не ги правите. Одете во музеј и барајте одлична уметност. Слушајте нов вид на музика која вообичаено не ја слушате. Колку повеќе креативност истражувате, толку повеќе ги проширувате вашите видици.

7. Гледајте на работите од различен агол

Кога бил последен пат кога сте го гледале нештото од различна перспектива? Перспективата со различна, уникатна гледна точна може да го промени начинот на кој го гледате светот.

Создадете навика да го гледате светот на ваков начин. Не ги гледајте работите само од една страна, гледајте ги од повеќе. Гледајте го светот со детски очи, гледајте го како да сте од друга планета.

Неверојатно е колку малку можете да видете доколку гледате само од еден агол. Кога ќе започнете да ги гледате работите од неколку агли, тогаш ќе бидете во можност да го освоите светот.