×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како до совршена шминка и на плус 40 степени

    14.08.2018 13:11 | KumanovoNews

    Често се прашувате како да избегнете топење на шминката кога надвор е жешко?

    Како до совршена шминка и на плус 40 степени

    Летото е идеално време за многу работи, но не е баш за вашата шминка. Кога топлото и влажно време ќе се здружат, тешко е шминката да ви остане свежа на лицето. Секако, за некои ова е идеално време за воопшто да не се шминкаат, но некои дами едноставно обожуваат и не мора да се откажуваат од тоа бидејќи постои начин да ја направат шминката "отпорна" на жештината.

    1.Face primer

    Најважен дел за лицето да остане свежо е да нанесете face primer, со што ќе ја намалите маснотијата на кожата на лицето.

    Првин прајмерот а потоа останатите производи за лице.

    2. Малку пудра

    Премногу шминка на топло или на влажно време може да ги бликира порите и да доведе до појава на мозолчиња. Тоа сигурно не го сакате, па затоа тепките пудри заменете ги со лагани формули како CC - кремата, а коректорот нанесете го на место каде ви е прекупотребен.

    3. Водоотпорна маскара

    Нема потреба да ги нагласувате трепките во жешкото лето туку да нанесете само водоотпорна маскара за во спротивно да не изгледате како панда штом малку ќе се испотите.

    4. Не користете ги производите во прав

    Кога на лицето ќе нанесете некој производ во прав и се испотите, нијансата на тие производи веќе не е рамномерно нанесена и веќе е потемна па поради тоа избегнувајте ги руменилата и сенките.

    5. Спреј за фиксирање на шминка

    Овој призвод не ви е потребен секогаш, но е добар за ситуација кога по цел ден треба да бидете надвор од дома и не сакате да мислите дали вашата шминка е на место.