31. 05. 2018 10:41

Кумановската група „Ки“ победник на фестивал во Суботица

Кумановската група „Ки“ победник на фестивал во Суботица

Кумановската рок група „Ки“ е победник на музичкиот фестивал на неафирмирани бендови, што викендов се одржа во Суботица, Србија.

Во конкуренција на 7 бендови, кои презентирале свои авторски песни жирито одлучило дека најдобри се момчињата од Куманово.

„Многу сме среќни што победивме, првенствено затоа што дојдовме да се дружиме, а овде има многу добри бендови. Суботица е прекрасен град, овој фестивал има долга традиција и со тоа сме среќни што победивме“, - изјавиле за српските медиуми членовите на групата „Ки“.

Фестивалот за младите се одржува по 37 пат на стадионот на Суботица, а имало околу 2000 посетители. Концерти имале и белградската група „Вива Вопс“, а потоа и легендарната „Галија“ со фронтменот Нешо Милосављевиќ.