500x100-1
05. 08. 2019 10:32

Кумановскиот бенд „Ки“ на регионална турнеја

Кумановскиот бенд „Ки“ на регионална турнеја

Кумановскиот бенд „Ки“, во текот на август ќе настапи во повеќе градови во земјите на регионот.

Турнејата ја започна во Широкиот Брег, Сараево и Кониќ во Босна и Херцеговина, а ќе продолжи на Ада Бојана и Никшиќ, во Црна Гора.

Бендот ќе настапи и џез- фетивалот „Nishville“, во Ниш, како и на „Joy Fest“, Крива Паланка.

„Ки“ е кумановски електро-рок бенд, составен од четири члена: Стефан Стојчев, Милош Краљевски, Александар Краљевски и Стефан Илиевски, кој е основан во 2016 година.

Несекојдневниот звук, експериментално играње со стиловите на музиката, како и автентичноста на текстовите се главните одбележја на овој бенд. Еден од нивните позначајни настапи е настапот на „Демо Фестивал“ во Бања Лука, во 2016 година, каде Ки ги собира најпозитивните критики од балканските медиуми. Успешната приказна на кумановците продолжува и со победа на 51 мини-гитаријада во Врање, а својот успешен настан во Нови Сад, Србија, го заокружува со победа на РМФ Фестивалот. Својата прва турнеја, насловена како „Crystal Circle“, бендот ја започнува во декември 2018 година, а својот албум успешно го промовира низ клубовите во 14 града (Тирана, Подгорица, Ниш, Сплит, Мостар, Љубљана, Софија итн.).

Во 2019 година „Ки“, продолжува со настапите на фестивалот „Земјотрес“ во Скопје, фестивалот „Омладина“ во Суботица, како и на фестивалот „Егзит“.