500x100-1
04. 10. 2019 12:25

Морковот заштитник на мозочните функции

Морковот заштитник на мозочните функции

 Морковот штити од рак, срцеви заболувања и висок притисок.

Тој е извонреден извор на бета-каротин кој му помага на организмот во борбата со рак. Еден морков има дури 10,3 мг. од оваа супстанција. Со земањето на витаминот бета-каротин, како додаток во исхраната во текот на неколку години можат да се заштитат некои мозочни функции како што се памтењето и учењето, чие губење доведува до Алцхајмерова болест, велат научниците.

 Студиите покажуваат дека постарите моркови се подобри од помладите. Но и едните и другите се корисни кога се варени.

Предноста на овој зеленчук е што може да се јаде и како салата или да се додаде во друг зеленчук како гарнир.