×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неколку совети како да престанете да се прејадувате

    09.09.2019 07:42 | KumanovoNews

    Сите луѓе кои уживаат во храната, најчесто завршуваат со прејадување и „грижа на совеста“ зошто не престанале со јадењето кога се почувствувале најадено.

    Неколку совети како да престанете да се прејадувате

    Неколку практични совети како да го избегнете прејадувањето:

    1. Купувајте помалку од намирниците кои најмногу ги конзумирате

    Доколку сте љубители на производи кои содржат поголемо количество на масти и шеќери: чоколадо, сладолед, сланина итн., тогаш немалете со купшување на поголемо количество. Доколку претходно сте купувале семејно пакување на сладолед, сега купете еден сладолед, со што кога ќе го отворите фрижидерот нема да можете да посегнете „по повеќе“, затоа што ќе нема.

    2. Внимавајте на брзината на јадењето

    Луѓето кои јадат пополека, јадат помалку. Најчесто, најголема, колична на храна која се јаде е додека гледаме телевизија или  додека сме активни на социјалните мрежи. Зошто? Затоа што во мигот кога гледате на вашиот мобилен телефон, вие не гледате колкаво количество на храна внесувате во вашиот организам, затоа што сте фокусирани на друга активност.

    3. Јадењето сервирајте го во помали чинии

    Сите знаеме дека луѓето, воглавно се визуелни суштества, па затоа искористете некој психолошки трик со кој „ќе се измамите самите себеси“. Јадете во чинија која е помала, затоа што со помалку храна ќе мни изгледа пополна.

    4. Купете си вага и мерете ја вашата телесна тежина почесто

    Доколку во вашата дневна соба имате вага, тогаш на тој начин ќе можете да го контролирате вашето јадење.

    5. Не се доведувајте во состојба на прегладнување

    Јадете почесто, но во помали количини, зашто кога сте прегладнети, најчесто се прејадувате.