×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нино го промовираше двојниот албум „Стара љубов“: Со песна растев, со песна стареам

    27.08.2018 13:31 | KumanovoNews

    „Стара љубов“ е насловот на двојното цеде на кумановскиот боем Нино Величковски, издадено  по повод неговиот јубилеј-35 години песна а беше промовирано завчера во Куманово. 

    Нино го промовираше двојниот албум „Стара љубов“: Со песна растев, со песна стареам

    Заедно со многу колеги, новинари, пријатели и семејството се прослави јубилејот песна со Нино, со песни љубов и вино. Поддршка на Нино му дадоа композиторот Миле Барбаровски и текстописецот Огнен Неделковски, со кои тој ја оживува музиката.

    -Имам трема, неверојатно е после толку години ама така е. Ќе кажам дека песната е мојот живот, со песна се радував, со песна тагував, со песна растев и со песна стареам, рече тој меѓу другото.

    На двојното цеде, со 35 песни, секоја посветена на една година кариера, може да се чујат „Свирете ми тамбури“, „Уште еднаш“, „Не се трпат немири“, „Малку треба“, „Сега е веќе доцна“, „Кажи ми Лено душо“, „Бабино девојче“ и други. Покрај веќе познатите има и две нови со кои ќе настапи на претстојните фестивали „Охрид фест“ и „Лешочки“.

    Два дена пред тоа, во четвртокот, Нино одржа голем концерт на Градскиот плоштад во Куманово, како дел од Меѓународниот тамбурашки фестивал. Со многу емоции, вечерта ја посвети на неговиот пријател и голем тамбураш Драгослав Шојиќ, кој ненадејно почина а требаше да учествува на фестивалот.

    Гости на вечерта беа: Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петревски, октет Куманово, Кумановски Тамбураши со Сандра Милковска, тамбурашкиот состав „Велос“ од Нови Сад и оркестар „Пријатели“ од Скопје.