500x100-1
15. 11. 2018 12:32

Нино Величковски награден за животно дело на „Роса-фест“

Нино Величковски награден за животно дело на „Роса-фест“

Фолк пејачот Нино Величковски доби награда за животно дело од фестивалот „Роса“.

 Наградата му беше врачена на 19 издание на фестивалот, кој се одржа пред двасетина дена во Скопје.

Признанието ми е многу значајно, бидејќи луѓето од радио Роса и фестивалот, се сетиле да го вреднуваат сето она што јас го одработив во овие 35 години. Ова ми прва награда за животно дело,  но кога ја примив наградата ветив дека ова не е мое одење во музичка пензија, туку напротив, поттик да направам уште многу песни во солистичката кариера и заедно со Кумановски тамбураши, - изјави Нино.

Кумановскиот боем во својата 35 годишна кариера има учествувано на речиси сите релевантни фестивали во државата, и испејано многу песни кои се најубавите македонски песни.

Јас навистина имам голем број на песни и имам со што да се пофалам, а и долго ми треба да раскажам се што сум сработел. Фестивалот Роса ја негува убавата македонска песма, но не само традиционалната и народната, туку и новосоздадената песна. Голема поддршка даде во оние времиња кога беше многу тешко кога народната музика се бореше за свое место под сонцето, - додава Нино.

Големиот јубилеј Нино го одбележа со голем концерт на Градскиот плоштад, кој го наслови “Нино и пријателите“. Учествуваа голем број на негови колеги и мизичари, со кои соработува сиве овие години.Нино издаде и двојното цеде, со 35 песни, секоја посветена на една година кариера, може да се чујат „Свирете ми тамбури“, „Уште еднаш“, „Не се трпат немири“, „Малку треба“, „Сега е веќе доцна“, „Кажи ми Лено душо“, „Бабино девојче“ и други. Покрај веќе познатите има и две нови со кои ќе настапи на претстојните фестивали „Охрид фест“ и „Лешочки“.