×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паметните луѓе ги забораваат овие вистини

    17.12.2018 12:57 | KumanovoNews

    Некои од најпаметните луѓе кои ги познаваме, постојано се борат за да успеат во животот, бидејќи забораваат неколку едноставни вистини, неопходи за напредок. Па еве еден мал потсетник.

    Паметните луѓе ги забораваат овие вистини

    Образованието и интелигенцијата не вредат ништо без работа

    Не е важно дали имате висок коефициент на интелигенција или во собата ви виси диплома на која пишува дека сте доктор на науки, ако не превземете никаково дејство.  Во животот неможе да се постигне вистински напредок без работа. Постои огромна разлика помеѓу знаењето како нешто да се сработи и реалното работење.  Знаењето и интелигенцијата се безвредни без работа. Тоа е така едноставно.

    Среќата и успехот се две различни работи

    Многу често се случува претприемачи кои успеваат да склучат одлични зделки, да направат многу пари да се покаже дека се западнати во длабока депресија и дека се несреќни. Многу од нив велат дека се осамени, немаат доволно време за себе и се чувствуваат истрошено од претераната работа.

    „Што ќе ме направи среќен?“ и „Што ќе ме направи успешен?“ се двете најважни прашања кои треба да си ги поставите себе си. Но, не заборавајте дека тоа се две различни прашања.

    Секој има свој бизнис

    Без разлика на кој начин заработувате и што работите треба да ви биде јасно дека единствената личност за која работите сте вие самите. Големото прашање е „Кон што целите?“  Дури и кога работите за големи корпорации, сепак вие имате сопствен бизнис.

    Постоењето на премногу избори, ви го отежнува донесувањето на одлуки

    Во овој модерен век, кога информациите се движат со брзина на светлината и  можностите се чинат безгранични имаме огромен избор кога станува збора за моделирање на сопствениот живот и кариера. Но, за жал преголемиот избор води до нерешителност и збунетост.

    Неколку бизнис и маркетинг студии покажуваат дека колку повеќе производи имаат купувачите како избор, толку помалку купуваат. Во секој случај, изборот на најдобриот производ од три производи е многу полесно од избор на најдобриот производ од мноштво други производи. Обично ако изборот е тежок луѓето се откажуваат. Па, ако и вие треба да донесете некоја одлука во животот не трошете си го времето оценувајќи го секој детал од секоја достапна можност. Изберете нешто што сметате дека ќе ви помогне.

    Секогаш постои можност за успех, но и за неуспех

    Тежнеењето кон совршенство е губење на време и енергија. Совршенството е илузија. Сите луѓе, дури и нашите идоли се мултидимензионални. Сите луѓе, дури и оние најуспешните во животот доживувале неуспеси. Успехот обично се должи на нашата посветеност и истрајност.

    Секоја грешка е чекор напред

    Грешките не учат на важни лекции. Секогаш кога правите грешка, всушност сте еден чекор поблиску до целта. Единствената грешка која навистина може да ви наштети е да не правите ништо, бидејќи сте исплашени дека ќе погрешите.

    Па, не се двоумете, не се сомневајте во себе. Во животот е важно да се ризикува. Никогаш нема да можете да бидете 100% сигурни дека нешто ќе успее. Не е важно како ќе се одвива ситуацијата, бидејќи секогаш ќе заврши онака како што требало.

    Луѓето можат да бидат одлични и во она што несакаат да го работат

    Не значи дека може да се постигне успех само во она што го сакате. Постојат многу луѓе кои велат дека работата која ја работат и во која се навистина успешни, ужасно им е здодевана.

    Проблемите кои ги имаме со луѓето, обично се заради нас

    Обично проблемите и несогласувањта кои ги имаме со другите; родители, роднини, пријатели се проблеми кои ние си ги имаме креирано во нашиот ум.

    Емоционалните одлуки ретко се добри одлуки

    Одлуките донесени со срцето, а не со умот најчесто се погрешни. Таквите одлуки се базираат на моменталните чувтсва, наместо на разумна свесност.

    Никогаш нема да бидете 100% подготвени кога ќе добиете можност

    Вистината е дека никој не може да се чувствува 100% подготвен кога пред него ќе се појави можност. Бидејќи најголемите можности во животот не присилуваат да пораснеме емоционално и интелектуално. Тие не принудуваат да излеземе од својата конфортна зона, што значи дека не се чувствувам