500x100-1
07. 10. 2019 21:22

Пијалоци за свеж изглед на лицето

Пијалоци за свеж изглед на лицето

Секојдневно работиме, не сме доволно наспани, изложени сме на премногу стрес или старееме, а сето тоа влијае на нашата кожа на лицето.

Многу често лекот не е само во козметичките производи, туку и во природните состојки кои ги внесуваме во нашиот организам.

Три пијалоци кои овозможуваат посвеж изглед на лицето:

 1. Сок од морков

Секој ден пијте по една чаша (100 мл) сок од морков, со што вашето тело ќе ја добие потребната количина на бета-каротин. Најважно е сокот секогаш да биде свежо исцеден на кој ќе му се додаде една мала лажица масло или слатка павлака, за организмот да може полесно да го апсорбира бета-каротинот.

2. Коктел од авокадо

Супстанциите содржани во авокадото помагаат за спречување на стареењето на кожата. За подготовка ви е потребно половина авокадо да го измиксате со 200 мл. кефир и една лажица сок од лимон, малку сол, на врвот на ножот црн пипер и една лажица ситно исечкана маточина.

3. Јогурт и мед

Измешајте 100 мл јогурт со 100 мл сок од портокал, додајте една лажица мед и малку цимет. Сокот од портокал исто така можете да го замените и со сок од лимон или јаболко.