23. 07. 2018 14:55

Природни лекови за регулирање на хормоните кај жените

Природни лекови за регулирање на хормоните кај жените

Топлата вода со лимон е добра за намалување на тежината, исфрлање на токсините од организмот, подобрување на имунитетот, состојбата на кожата и варењето на храната.

Причина за тоа е што лимонот влијае на хормонот за ситост - лептин. Доколку тој хормон не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги.

Лимонот помага и да се избегне дехидратација.

Рецептот е многу едноставен: исцедете сок од пола лимон во чаша топла вода и испијте го одеднаш наутро.

Чај од листови од малина

Листот од малина одамна се користи за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдуваат дека оваа билка благотворно делува на работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста, немаат потешкотии за време на породувањето.

Рецептот е едноставен: една супена лажичка лист од малина (може и сушен) да се прелие со 200 мл. зовриена вода и да се остави да стои 10 минути и подоцна се пие.

Овој чај да не се пие пред спиење туку во текот на денот.

Златно млеко кое го подобрува имунитетот и ги доведува во нормала хормоните во организмот. Овој напиток загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувачи, кои ја прават оваа комбинација корисна за регулирање на хормоните.

Рецепт: во 200мл топло млеко да се додаде половина кафена лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Може да додадете и мед по вкус.

Добро е овој напиток да го испиете навечер пред легнување.

Се препорачува наутро да го пиете сокот од лимон, во текот на денот чајот од малина и пред спиење една шоља златно млеко.