17. 04. 2018 11:24

Растопена алва и кафе по повод Светскиот ден на еспресото

Растопена алва и кафе по повод Светскиот ден на еспресото

Кафеманите ширум светот 17 април го празнуваат како Светски ден на омилениот напиток, еспресото. Историјата на овој празник датира од 1938 година, кога сопственикот на едно кафуле во Милано, Италија, Аџиле Гаџа добива дозвола за производство на првиот свој кафемат. 

Сепак, прва земја во светот, која започнува со ваквата традиција на празнување е Јапонија во 1983 година.

По повод денешниот ден редакцијата на KumanovoNews ви претставува сладок десерт за пријатен ден составен од кафе со растопена алва.

Рецепт:
-Еспресо или домашно сварено кафе 150 мл
-Алва 50 гр
-Млеко 100 мл
-Мед 1 кафена лажичка

Начин на приготвување: Свежо свареното кафе се процедува и му се додава мед. Во топлото млеко се растопува алвата на тивок оган со постојано промешување, или во блендер. Кон добиената смеса се додава кафето. Шлаг пена се додава по вкус.

                                                                                (С.Т.)