500x100-1
04. 10. 2019 15:14

Рецепт на денот: Солена штрудла

Рецепт на денот: Солена штрудла

Подготовка: 60 минути. Мирување: 30 минути. Печење: 45 минути.

* Состојки:

- 250 грама брашно;

- 5 лажици маслиново масло;

- 3 јајца;

- сол;

- 400 грама филети од риба;

- црн пипер;

- сок од лимон;

- 400 грами тиква;

- 2 пиперки;

- 200 грама спанаќ;

- 150 грама козјо сирење;

- 3 кришки препечен леб;

- 1 жолчка;

- 1 лажица сусам.

* Подготовка:

1. Замесете  го тестото со брашното, јајцата, 3 лажици маслиново масло и 1 лажичка сол. Поклопете го тестото и оставете го да отстои.

2. Измијте ги филетите, исушете ги и исечкајте ги на ленти околу 2 цм. На филетите од риба ставете им од солта, црниот пипер и сокот од лимон и оставете ги да отстојат на ладно.

3. Тиквата измијте ја, отстранете ѝ ја кората и исечкајте ја на помали парчиња. Потоа, истото направете го со пиперката (но, отстранете ѝ ги семките) и заедно со тиквата и 2 лажици маслиново масло, издинстајте ги. Спанаќот, измијте го и исечкајте го и заедно со згмеченото сирење со помош на вилушка, ставете го во издинстаната смеса. На истата смеса, исто така, додадете и 2 јајца и препечен леб, кој претодно ќе го исечете на парчиња. Смесата посолете ја со сол и црн пипер.

4. Загрејте ја рерната на 180 степени. Размесете го тестото во форма на правоаголник, нанесете ја смесата врз тестото, а краевите оставете ги нефилувани. Врз смесата ставете ја рибата, а потоа завиткајте. Вака приготвената штрудла ставете ја во тава обложена со масна хартија, премачкајте ја со растворената жолчка и ставете и сусам.

Подготвената пита, печете ја 45 минути.