×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српски новинар ќе пишува книга за Тоше

    24.03.2010 10:32 | KumanovoNews

     Белградскиот новинар Александар Саша Јовановиќ, уредник во дневниот весник „Прес„најави дека неговата издавачка куќа Horusovo oko наскоро ќе објави книга за последните години од животот на македонската легенда Тоше Проески.

    Српски новинар ќе пишува книга за Тоше

    „Прес„ наведува дека во таа книга авторот ќе ги опише непознатите детали врзани за мистериозната смрт на Тоше, кои ќе бидат основа за снимање на документарен филм.

    Оваа информација не наиде на одобрување од страна на Меѓународната фондација Тоше Проески, но и македонските новинари и соработници на мегаѕвездата.

    Јовановиќ,  познат по учеството на реалното шоу „Фарма„, промовираше книга „Сите тајни на фармата„, во која го опиша времето поминато таму, заедно со останатите фармери од регионот.