×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Што значи кога жената почнува да молчи?

    16.09.2019 18:31 | KumanovoNews

    Кога има проблеми во врската партнерката знае да се повлече во себе и со тоа да  покаже незадоволство кон одредена состојба. Еве неколку примери да препознаете за што се работи.

    Што значи кога жената почнува да молчи?

    *Престанува да се бори за вас

    Најчесто, жените се оние кои секогаш сакаат да го потикнат разговорот во врската и да донесат поголема забава. Меѓутоа, доколку лицето кај жената, одеднаш, добива одредена сериозност и рамнодушност, тоа би можело да значи дека жената повеќе нема енергија да се бори за врската и да наликува на кловн. Молчењето на жената, значи, дека веќе е спремна да ве пушти самите да си заминете.

    *Сака да ве казни

    Кога имате проблем во врската/бракот, жената често знае тоа да го стави под тепих и да чека на вас да ја прашате за да поразговарате за проблемот. Вашето неиницирање на истиот разговор, жената може да го протолкува како незаинтересираност. Доколку, ова ви се случува почесто, очекувајте жената да престане да ви прави муабет.

    *Веќе подлго време ви е лута

    Ако забележите дека вашата жена, веќе подолго време молчи, тогаш седнете и прашајте ја во што е проблемот, пред да стане ладна како мраз. Доколку се обидувате „да се извлечете“ со хуморот, очекувајте уште поголем гнев од вашата партнерка. Жените сакаат, понекогаш, како и мажите искрено да седнете и да поразговарате со нив.

    *Лош сексуален живот

    Доколку веќе подолго време, вие сте оној, кој и го врти грбот на вашата партнерка во креветот, верувајте дека ќе имате голем проблем. Понекогаш дозволете да трпи и вашата работа, односно некој ден во текот на неделата обидете се „да го забавите темпото на работата“, за во вечерните часови да можете да уживате со вашата партнерка. Задоволството, во секој случај е двострано, а утредента и двајцата ќе се разбудите со насмевка на лицето.

    *Презафатена е

    Многупати кога жената сака да се фокусира на работата, знае да замолчи за да биде поефикасна и поуспешна на професионалното поле.

    *Се заштитува себеси

    Бидејќи, жената е најчесто таа која ги извршува и обврските дома и оди на работа, често знае да замолчи за да се заштити себеси. Непотребната нервоза ја прави само помалку продуктивна.