×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сузана Гавазова со нова песна и спот на српски јазик

    08.02.2019 09:22 | KumanovoNews

    Македонската пејачка Сузана Гавазова издаде нова песна и спот на српски јазик  „Намачкана“ ( „Намазана“).

    Сузана Гавазова со нова песна и спот на српски јазик

    Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.

    Во спотот Гавазова е ултра модерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна.

    Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.

     Ова не е права песна за српскиот пазар на Гавазова, предходно ја отпеја песната „Хало“, која наиде на одличен прием кај публиката на балканскиот пазар.

    Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници.