×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тајзи запеа на шпански

    23.07.2015 12:02 | KumanovoNews

    Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос, се дел од новиот видео запис на Тајзи за песната „Амор“.

    Тајзи запеа на шпански

    За првпат, нашиот пејач реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега која претендира да стане голем летен хит.

    Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд- Cubano Soy, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска.

    Режијата и сценариото се на Владимир Дади Ивановски, музиката и текстот на Драган Величковски Тајзи, додека пак аранжманот е на проверениот хит мејкер- Лазар Цветковски.