500x100-1
16. 05. 2019 23:24

Тамара влезе во финалето на Евровизија

Тамара влезе во финалето на Евровизија

 Тамара Тодевска ќе пее во финалето на изборот на песна Евровизија, што годинава се одржува во Тел Авив, Израел.

Македонската претставничка со песната „Горда“ (Proud) вечерва беше избрана меѓу десетмината најдобри во втората полуфинална вечер. Финалето ќе се одржи в сабота.

Други финалисти се и Русија, Азербејџан, Албанија, Холaндија, Шведска,Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Последен пат имавме претставник во финалето на Евровизија пред седум години, кога настапи Калиопи со песната „Црно и бело“.

 Утре во финалето Тамара ќе настапи под реден број 8, по Сан Марино, а пред Шведска. Како прва ќе настапи Малта, а како последна, под реден број 26 – Шпанија.