500x100-1
16. 08. 2018 13:21

Тамбурашки фестивал по 14 пат во Куманово

Тамбурашки фестивал по 14 пат во Куманово

Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2018“ ќе се одржи наредната недела, на 23, 24 и 25 август. 

Годинава се предвидени три вечери на кои ќе настапат над десет тамбурашки оркестри од земјава и странство.

Првата вечер е насловена „Нино и пријателите“, а посветена е на 35 годишниот јубилеј на кумановската музичка легенда Нино Величковски.

Гости на вечерта ќе бидат:Виолета Томовска, Маргица Антевска, Наум Петревски, октет Куманово, Кумановски Тамбураши со солистите Сандра Милковска и Нино Величковски, тамбурашкиот состав „Велос“ од Нови Сад и оркестар „Пријатели“ од Скопје.

 Втората вечер, петок, резервирана е за Кумановски тамбураши со солистите Сандра Милковска и Нино Величковски, „Ругато“- Пожега, „Пљевље„ од Црна Гора со солистите Нина Стругар, Дејан Шкулетиќ и Мугдин Нухановиќ и „Велос“ од Нови Сад.

Фестивалот ќе го затворат Радовишки тамбураши со Драгомир Шојиќ, ансамблите на Здравко Ќосиќ од Бања Лика, „Ужице“ од Србија, „Петруњчица“ од Хрватска и Вараждинскиот тамбурашки оркестар од Хрватска.

Организатор на манифестацијата е Фондацијата за култура и Секторот за култура, а под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.