×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три психолошки трикови кои ќе ви помогнат да заштедите

    13.09.2019 13:11 | KumanovoNews

    Штедењето е важен дел од и за нашиот живот. Иако, сите сме свесни за тоа, сепак забораваме дека треба да штедиме.

    Три психолошки трикови кои ќе ви помогнат да заштедите

    Венди Де Ла Рева, вели дека штедењето не е условено, најмногу од финансиите, туку од опкружувањето.

    За оваа цел Венди, раскажува за истражување, кое го спровеле со две групи: на првата група им бил прикажан нивниот буџет за една недела, а на втората група за еден месец. Истражувањето покажало дека првата група е таа која подобро се снашла со штедењето.

    Три начини за попрактично штедење:

    Прв начин: размислувајте за себе во иднината, но од перспектива на сегашноста

    Сите знаеме за себе да си замислиме најдобра верзија од нас самите во иднината: некој кој ќе заштеди повеќе пари, ќе тренира, ќе ги намали килограмите и сл. Меѓутоа, треба да запомниме, дека ние во иднината ќе бидеме она што сме во сегашноста. Она што ќе го заштедиме во сегашноста, може да ни користи во иднината.

    Втор начин: употребете ги своите „моменти“ на преминување од една во друга состојба

    За ова цел, повторно, е спроведено истражување, со што на веб-страна се поставени две реклами, а се таргетирани луѓе на 64 годишна возраст.  Првата реклама, оди со зборовите: „Еј, вие сте постари. Дали сте подготвени за пензионирање? Делењето на домаќинството може да помогне„. Додека пак, втората реклама започнува со зборовите: „Имате 64 години и влегувате во 65. Дали сте спремни за пензија? Делењето на домаќинството може да помогне“.

    Втората реклама, станува „далеку“ поуспешна. Зошто? Затоа што, преминувањето од една во друга состојба ги мотивира луѓето да бидат поактивни. Размислете, зарем сите нѐ сме поангажирани кога доаѓа „Нова Година“?  

    Затоа, земете календар и забележете го денот пред вашиот роденден. Изберете една работа, која е поврзана со финансиите, а најмногу ја сакате и посветете ѝ се.

    Трет начин контролирајте ги малите чести купувања

    Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од луѓето кои се жалат дека не заштедиле се поради честите мали купувања. На едно место купуваме сендвич, на друго место кафе итн. Една од препораките е да почнеме да си го ограничуваме дневниот буџет, за да не можеме да трошиме повеќе отколку што треба или имаме.

    Извор (Wendy De La Rosa)