500x100-1
15. 08. 2018 10:27

Во Куманово ќе се одржи музички фестивал на отворено

Во Куманово ќе се одржи музички фестивал на отворено

На паркингот кај спортската сала во Куманово на 14 и 15 септември ќе одржи „Куманово Хенгаут музички фестивал“.

 Според најавата на социјалните мрежи на фестивалот ќе учествуваат: групите Ван Гог и Васил Хаџиманов бенд  од Србија, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Нокаут и ДНК, потоа  Kabadayas и Fierce од Македонија , Visar Kuci од Косово),  и  DROM  од Грција.

 На 14 и 15 септември ќе можете да уживате во прекрасна музичка манифестација и фестивал, чија цел е да се соединиме сите заедно, да се забавуваме и уживаме на едно заедничко урбано место. Покрај музичките имиња и музичката манифестација, сите заедно ќе бидеме дел и од хуманитарна акција и спортски натпревари, - напишале организаторите на "Kumanovo hangout music festival".