×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започни свој онлајн бизнис!

    23.11.2015 08:51 | KumanovoNews

    Зимата пристигнува на голема врата, а традиционално ова годишно време нè асоцира на студено време поминато во топол дом со богата зимница. Во модерната ера, дефинитивно и на повеќе поминато време на Интернет.

    Започни свој онлајн бизнис!

    Интернетот како светска мрежа денес претставува место со неограничен број на ресурси. Тие ресурси во денешно време можат да бидат обновувани и поставувани од секој ентузијаст кој сака да придонесе повеќе за проширување на информациите до што е можно поголем дел од населението.

    Дигиталната економија од година во година станува сè поголем играч во бизнис моделите за генерирање на профит. Добрата вест е, денес секој може со добра идеја и малку средства за започне свој онлајн бизнис.

    Токму затоа, годинава на македонскиот пазар МКхост понуди една поинаква, ИТ зимница, која овие зимски денови ќе ги направи дефинитивно поинтересни и попретприемачки ориентирани.

    Во заеднички пакет кој вклучува веб хостинг поврзан со најкористената светска платформа WordPress, како и бесплатен домен по избор, оваа ИТ зимница ветува максимална искористеност на зимското сметање на времето, како и можност за сите заинтересирани да направат сопствен веб-сајт кој може да прерасне во вистински профитабилен онлајн бизнис.

    WordPress е бесплатна, а истовремено лесна и едноставна платформа за управување со вашиот веб-сајт, користен од над 100 милиони веб-сајтови во светот. Големиот избор на теми и плагини ви нуди широки можности за развој на вашиот онлајн бизнис.

    Лесна интеграција со Google за следење на аналитика на посетеност, како и можност за вметнување на реклами на вашиот сајт со што се отвара можност за заработка.

    Започнете го својот нов веб-сајт веднаш и станете успешен дел од новото дигитално општество!