×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто другите се поуспешни од вас?

    05.10.2019 07:08 | KumanovoNews

    Многу луѓе работат дури 24/7, меѓутоа нивната видливост секогаш останува нa исто ниво, додека другите кои ја работат истата работа одат неколку скалила нагоре.

    Зошто другите се поуспешни од вас?

    Како да го објасниме процесот кога работите не одат како што треба?

    Или: како да се објасни тоа кога некои луѓе ги оствариле целите кои биле невозможни?

    * Пример: Зошто Аpple е толку иновативен?  Тие веќе со години се на врвот, а сепак се само фирма која се занимава со производство на компјутери, како и секоја друга. Го имаат истиот пристап кон информации, истиот талент, истите медиуми итн. Тогаш, што е тоа различно кои тие го имаат?

    „Како што излезе-постои шаблон. Сите големи и инспиративни лидери или организации во светот, било да се Apple, Мартин Лутер Кинг или браќата Рајт, сите мислат, делуваат и комуницираат на потполно ист начин. А тој начин е потполно спротивен на сите други. Јас само го кодирав. Тоа е најверојатно наједноставната идеја на светот. Јас ја насловив како „златен круг“, а се состои од три прашања: Зошто? Како? Што?“, - вели Сајмон Синек.

    1. Секоја успешна личност/организација 100 отсто знае "што“ прави.

    2. Дури некои знаат и целосно „како“ тоа да го направат.

    3. Но, мал број од нив знаат „зошто“ го прават тоа!

    Профитот оставете го на страна: Која е смислата на тоа што го правите? Која е целта која сакате да ја постигнете? Во што верувате? Зошто наутро станувате од креветот?-се прашањата кои треба да си ги поставите.

    Големите лидери, прво започнуваат од прашањето „зошто“, па дури потоа се посветуваат на „како и што“.

    * Пример: можете да пристапите со ставот дека го имате најдобриот автомобил, најдобрите луѓе кои работат за вас, но да не предизвикате заинтересираност кај купувачите. Но, доколку вашиот пристап, започне од тоа „зошто“ - работите целосно се менуваат.

     Ние веруваме дека мора да сме во чекор со брзото време, да стигнеме на време и да бидеме безбедни, затоа го ангажиравме најдобриот персонал, нам ни е грижа и за вас и за нас, може да биде многу пофункционална порака.

    Луѓето, не го купуваат она што го правите, туку тоа зошто го правите. Работата не е во тоа да продавате на луѓето нешто што вие го имате, целта е да соработувате со луѓето кои веруваат во она во кое верувате вие.