Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за превенција започна со превентивна кампања со цел да ги информира граѓаните за заштита на домот од провални кражби под мотото „Заштити го својот дом“.
Информирањето ќе го вршиме по пат на одржување на состаноци на СГГ, средби со куќните совети и месните заедници, ќе има јавни трибини со преземање на мерки за поголема заштита на својот и имотот на другите делење на едукативен материјал за јакнење на свеста за самозаштита и заштита на други лица, пријавување на негативни и криминални забележувања, градење на взаемна доверба со полицијата и создавање на побезбедна заедница со намален број на кривични дела и нивните сторители - велат од МВР.
Досега кампањата се одржала низ неколку населби во регионот а со неа се очекува да се намали стапката на криминал а да се зголеми безбедноста на имотот на граѓаните а на тој начин да се побуди интерес за преземање на мерки за самозаштита и да се намалат трошоците на полицијата а со тоа и на другите државни органи.