×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 02.08.2021

    02.08.2021 05:33 | Сара Ѓорѓиоска

    Дневен хороскоп 

    ХОРОСКОП - 02.08.2021

    ОВЕН

    За празникот очекувајте да се чувствувате вознемирено поради потребата да решите некаков проблем или да завршите некоја заостаната работа. Децата можеби ќе бидат попалави од обично или ќе завршите некоја романса. 

    БИК

    Разговорите со авторитетните луѓе во вашиот живот ќе засегаат сериозни теми и можно е да се чувствувате ограничени или заробени во некаков систем кој не ви се допаѓа. Излезете од дома, домашната атмосфера ќе ве гуши. 

    БЛИЗНАЦИ

    Бидете особено внимателни со возењето, брзината може да ве чини поскапо отколку што мислите. Ќе бидете исклучително остроумни денес, идеите ќе ви доаѓаат природно, но внимавајте да не избрзате со зборовите и да се обратите на погрешно место. 

    РАК

    Вашата самодоверба денес ќе биде нарушена и можеби ќе се чувствувате недоволно добри во очите на авторитетните луѓе или партнерот. Финансиите ќе изгледаат загрижувачки, но со малку штедење и добар план за месечно трошење, сѐ ќе биде во ред.

    ЛАВ

    Денот можеби ќе го поминете загрижени за некој партнерски однос, каде што се чувствувате недоволно ценети и ви недостасува љубов и внимание. Нештата ќе се менуваат. Неповолен ден за започнување судски процеси, не избрзувајте. 

    ДЕВИЦА

    Празничната атмосфера нема да ви биде баш најсјајна, поради тоа што ќе имате потреба од завршување на обврските, помешана со меланхолија и носталгија за минатите времиња. Внимавајте на коските и на рацете денес, можно е да се изгорите. 

    ВАГА

    Разговор со некоја повозрасна личност можеби ќе ве натера поинаку да гледате на животот, ќе ве разбуди да бидете поодговорни или ќе ве вознемири доколку не сакате промени. Сето тоа е привремено и нештата ќе бидат подобри. Лош ден за започнување врски. 

    ШКОРПИЈА

    Разговорите со родителите, шефот или некоја друга надредена личност ќе направат да се чувствувате искритикувано и нерасположено. Најдобриот начин да ја избалансирате негативната енергија е да бидете зафатени со продуктивна работа. 

    СТРЕЛЕЦ
     
    Денес не потпишувајте договори за било какви курсеви или пракси, ќе бидете разочарани од исходот. Академските задачи ќе изгледаат невозможни или ќе наидете на опструкции во одењето на одмор или студии во странство. 

    ЈАРЕЦ

    Очекувајте финансиски проблеми или непријатно чувство дека луѓето не би го направиле за вас она што вие го правите за нив. Не се обесхрабрувајте во тешките ситуации, свртете се кон убави нешта како љубовта и занемарете го материјалното. 

    ВОДОЛИЈА

    Односот со партнерот или блискиот круг на пријатели ќе биде напорен и тензичен денес. Можеби ќе бидете искритикувани за нешто или ќе бидете ограничени во некој поглед. Крај на некоја љубовна авантура, зборовите ќе бидат остри. 

    РИБИ

    Работата ќе ви одзема повеќе енергија од обично или ќе бидете под огромен притисок да завршите сѐ во догледно време. Некој ќе бара премногу од вас и ќе се чувствувате како никогаш да нема да ги исполните туѓите очекувања. Но, и тоа ќе помине.