×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МКК Куманово се оградува и го осудува однесувањето на навивачите на натпреварот со Феникс

    19.11.2024 08:01 | KumanovoNews

    Младинскиот кошаркарски клуб (МКК) Куманово се оградува и го осудува однесувањето на навивачите на натпреварот со Феникс 2010 од Скопје, на натпреварот од седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига, и бара виновниците да бидат казнети.

    МКК Куманово се оградува и го осудува однесувањето на навивачите на натпреварот со  Феникс

    „На натпреварот во втората четвртина се случи немил настан предизвикан од страна на група на навивачи каде на 1 минута и 40 секунди пред крајот на втората четвртина при водство на домашната екипа (35:33) беше фрлена димна бомба, беа запалени 2 факела, беа фрлени 2 петарди, петарда со топовски удар, искорната е пластична столица од трибините и истата е фрлена на терен, беа искршени и фрлени и заштитни делови од оградата.

    Во текот на натпреварот имаше неспортско следење на натпревар, неспортско скандирање и однесување, користење на скандалозни содржини со етнички, верски и вандалски примеси. Натпреварот после паузата продолжи без публика и нашата екипа успеја да извојува победа.

    МКК Куманово не поддржува и никогаш нема да поддржи вакво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка , верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде и никогаш нема да оправдаме оштетување на имот и општествен и приватен. Бараме од надлежните институции во согласност со законските прописи да ги превземат сите неопходни мерки и чекори и се надеваме дека во иднина нема да се повторуваат вакви настани“, стои во официјалното соопштение на клубот испратено до јавноста.

    Кошаркарите на МКК Куманово  во саботата извојуваа победа над екипата на Феникс 2010 со резултат 73:66, но победата на кумановци беше засенета од инцидентот кој се случи кон крајот на првото полувреме.

    Се очекува дека клубот ќе биде казнет од КФМ за неспортското однесување на навивачите.