22.
01.
2010 14:23
Јелена Јанковиќ изгуби од Бондаренко

Јелена Јанковиќ го заврши своето учество на Аустралијан опен во третото коло по многу лоша партија и пораз од Алона Бондаренко со резултат 6:2, 6:3.
Со тоа Украинката успеја за прв пат да ја совлада српската тенисерка, која пред тоа славеше во 9 меѓусебни дуели.
Јелена покажа лоша игра за која кажала дека била таква затоа што не и бил денот. Таа направила дури 40 неизнудени грешки.
Вчера од Мелбурн, од понатамошното натпреварување испаднаа Ана
Ивановиќ, Јанко Типсаревиќ и Виктор Трицки, а од српските тенисери
останал само Новак Ѓоковиќ.

