22. 12. 2009 00:00

Меси фудбалер на годината

Меси фудбалер на годината

 Дваесет и двегодишниот Аргентинец, Лионел Меси, играч на Барселона е добитник на наградата за најдобар фудбалер во 2009 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

 На свечената во Цирих, Меси, според гласовите на селекторите и капитените на националните селекции, ја освои наградата со 1.047 бода, пред минатогодишниот побединик Кристијано Роналдо и Џави.
“Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите колеги кои гласаа, и голема чест е да се добие оваа награда.“Ова е најдобриот начин да се заврши прекрасата година за Барселона, за моите соиграчи и за мене. Ви благодарам многу.“-рече  Меси по добивањето на наградата.
Меси во текот на сезоната 2008/09 постигна 38 гола на 51 одигран натпревар и го предводеше каталонскиот клуб до рекордните шест трофеи.

Меси фудбалер на годината

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk