Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонските криминалци поврзани со италијанска мафија се подготвувале да го киднапираат тренерот на Интер, Жозе Мурињо и неговото семејство.
Според италијанската полицијата групата ја предводеле Бруно и Зоран Бентивољо и Лука Радосављевиќ, кои го демнеле тренерот на Интер пред неговиот дом во Италија и го снимале во неговиот автомобил во близина на игралиштето каде тренира неговиот сегашен клуб во Милано.
Мурињо и уште четворица фудбалери од Аталанта пратени се од страна на македонската група која планирала да ги киднапира. Во изведувањето на нивниот план ги спречила италијанската полиција со што биле уапсени во Џенова.
Кај криминалците биле пронајдени детални информации за португалецот како и видео снимки, фотографии и и адреса на станот во Милано. Мурињо овие закани озбилно ги доживел и затоа се обратил за помош во полицијата за да го заштити своето семејство.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk