Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Партизан против Марусија, ќе се обидат да ја продолжат чудесната серија со трета победа во низа во Топ 16 фазата во Евролига. Натпреварот започува во 18:45, а на паркет излегуваат два тима кои зад себе имаат одлични резултати против два кошаркарски гиганта.
Шампионот на Србија, ги совлада и Панатинаикос и Барселона, а по вчерашната дисциплинска комисија, покрај жалбата на Барселона потврдена е големата победа на Партизан во Пионир. На другата страна тимот од Атина покрај победата на големиот ПАО во Евролига, во неделното коло во грчката лига го совлада и Олимпијакос.
На сите е јасно дека двата меча со Марусија се решавачки. Се работи за една квалитетна екипа, и се надевам дека навивачите на Партизан после победата над ПАО и Барселона нема да ја сметаат за лесен противник и дека победата се подразбира. Играме со екипа која заслужува респект и е апсолутен фаворит, иако тие сакат улогата на фаворит да ја префрлат на нас - изјави Душко Вујошевиќ.
Партизан е клуб со голема традиција, имаат квалитет и стил на игра кој јас го сакам. Не ја менуваат својата игра, без разлика на играчите на теренот, и тоа е нешто што мора да се цени бидејки е тешко остварливо. Имам голем респект спрема Вујошевиќ и чест ми е што ќе му бидам домаќин - изјави Барцокас.
Во вториот меч од групата Е од 20:45 играат Барселона и Панатинаикос. Големото дерби би требало да донесе голема борба, двата тима имаат огромен мотив, но и покрај тој дуел ништо нема да биде решено.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk