21. 12. 2009 00:00

Снегот одложи четири натпревари во Серија А

Снегот одложи четири натпревари во Серија А

Невремето што ја зафати Европа и изобилството снег на терените не дозволи да се одиграат четири натпревари од 17. коло од Италијанското фудбалско првенство. Одложени се натпреварите: Фиорентина – Милан, Болоња – Аталанта, Џенова – Бари и Удинезе – Каљари.

Во другите натпревари најголемото изненадување го напарви Катанија која со 2:1 го совлада Јувентус во Торино.

На останатите дуели постигнати се следниве резултати: Ливорно – Сампдорија 3:1, Наполи – Киево 2:0, Рома – Парма 2:0, Палермо – Сиена 1:0 и Интер – Лацио 1:0.

Табела: Интер 39 бодови, Милан 31 (натпревар помалку), Јувентус 30, Рома и Парма по 28, ...

Следното коло е закажано за 6 јануари идната година.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk