×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 16 кандидати за Ноемвриска награда

    03.11.2010 15:41 | KumanovoNews

    Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината Куманово, денеска заседаваше и ги резгледа предлозите за доделување на Ноемвриска награда на Општина Куманово за 2010 година.

    16 кандидати за Ноемвриска награда

    За најпрестижното годишно признание на градот годинава аплицирале вкупно 16 поединци и правни лица.

    Од пристигнатите кандидатури 8 се на физички лица и 8 на правни субјекти. Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите предлози, по што ќе одлучи кој заслужува да ја добие наградата- вели Александра Георгиевска претседател на Комисијата.

    Предложени кандидати за годинешната награда се пејачот и композитор Боби Серафимовски, гитаристот Томислав Нешковски, Кети Дончевска-Илиќ актерка, Горѓи Спасовеки вработен во Катастар, Гордица Бошковска правник во Синдикатот, Ванчо Михајловски пензиониран водител, Хисен Рахмани професор во гимназија, Мерилин Стојчевска професорка, Здружението на жени „Нада Михајлова„, ЈП „Чистота и зеленило„,Здружение за грижи и воспитување на деца,СТУ „Наце Буѓони„ ОУ „Магдалена Антова„,ЈЗУ „Центар за јавна здравје„,ОУ „Кочо Рацин„ и Фудбалска академија „МИО„.

    Добитникот на наградата треба да има постигнато истакнати резултати и достигнувања во афирмација и развој на градот во изминатата година. Бројот на наградените не е ограничен и Комисијата одлучува колку награди ќе додели. Резултатите ќе бидат познати деновиве.