×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Белгија ќе ги врати азилантите во Липковско

    09.03.2010 16:42 | KumanovoNews

    Белгискиот државен секретар за имиграција и азил, Mелкиор Ватле денеска го посети Липково за да ја пренесе пораката од белгиската влада, дека граѓаните од овој регион нема да добијат азил во нивната држава.

    Белгија ќе ги врати азилантите во Липковско

    „Сакам да бидам јасен. Не пости можност за добивање азил поради еконосмки причини.Ние дојдовме овде да видиме каква е економската ситуација и морам да кажам дека не е лесно. Луѓето се изманипулирани дека во Белгија ќе добијат азил и пари и таму ги чекаат станови и работни места. Тие се жртви на неинформираност и жал ми е што овие сиромашни луѓе се изложиле на дополнителни трошоци за патување, а ќе мора да се вратат назад во Македонија. Затоа треба да бидат фокусирани на инветирање тука, бидејќи тоа е најдобриот пат до економски развој - изјави Ватле.

    Поради лошото време тој не ги посети селата Матечје и Ропаљце како што беше најавено, туку само се сретана со градоначалникот Садула Дураку. При тоа побара повеќе да се инвестира во нови работни места за да се подобри животниот стандард на граѓаните. Државниот секретар смета дека со издржани проекти може да се дојде до побрз економски развој, кој ќе ги задржи луѓето да не се иселуваат во странство.

    Градоначалникот се пожали дека сите досегашни власти го запоставиле регонот, поради што сиромаштијата ги принудила жителите да заминуваат на печалба.

    Досега ниту една влада не инвестираше, но се надеваме дека во иднина со подршка на Европската унија ќе почнат да размислуваат за нас и ќе превземе нешто конкретно -рече Дураку.

    На средбата во Липково присуствуваа И вицепремиерот за имплементација на Рамковениот договор, Абдулаким Адеми и министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами.

    Високиот гостин по посетата на Липково замнина во Општините Прешево и Бујановац, во соседна Србија, каде исто така има проблем со азиланти во Белгија.