Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите од населбата „Перо Чичо„ утре ќе организираат акција на чистење на дивите депонии на влезот на населбата и по должина на пругата над населбите Бавчи и Средорек.
Во акцијата ќе биде вклучена и механизација на фирмата "Ефто експорт", која го доби тендерот за чистење на дивите депонии на локалните и на регионалните патишта во општината во висина од 2,5 милиони денари.
По повод Денот на дрвото и Денот на ромите - 4 Април, претставниците од ромската заедница, организираат акција за чистење на средините во кои живејат. Утре ќе започнат со чистење на дивите депонии покрај пругата што со години не се исчистени - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Акцијата ќе трае три дена по што ќе започне тампонирање и осветлување на патот кој води кон населбата „Бавчи„