×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се градат 12 нови бензински пумпи во Куманово

    11.08.2010 12:04 | KumanovoNews

    Сo измените во Генералниот урбанистички план во градот треба да никнат 12 нови бензиски пумпи. Пумпите ќе бидат распоредени на повеќе локации во градот.

    Ќе се градат 12 нови бензински пумпи во Куманово

    Извршената анализа на постојните 7 бензиски пумпи и според бројот на жители и возила, утврдено е дека постои потреба за уште 11 пумпни станици. Ние во нацрт планот имаме предвидено 8 нови локации, кои се лоцирани вон централното градско подрачје. Сметам дека со овие решенија  на граѓаните ќе им се обезбеди побрз и поефикасен пристап до течните горива - вели Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за урбанизам.

    Дел од бензиските пумпи ќе бидат лоцирани во населбите „Гоце Делчев“, „Тоде Мендол“, „Долно Којнаре“ кај салонот на „Делукс“ во Ајдучка Чешма, улиците „Барјам Шабани“, „Моша Пијаде“ „Индустриска“ кај Градските гробишта и на други локации.

    Изградбата на бензинските пумпи ќе биде започанта откако ќе бидат прифатени измените во Деталните урбанистички планови.