×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се ништат глувците на Кејот

    19.03.2010 14:34 | KumanovoNews

     Во Куманово не е извршена дератизација  на канализационата мрежа повеќе од 15 години од ниту еден градоначалник на СДСМ што досега го водеше градот, поради што постои опасност од појава на заразни болести, обвини опозицијата на вчерашната седница на Совет.

    Ќе се ништат глувците на Кејот

     Граѓаните реагирале до советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека стаорци шетаат по кејот на реката Кумановка и почнале да се селат во нивните домовите.

     „Според Законот за заштита на населението од заразни болести, локалната власт е должна да врши редовна дератизација на територијата на Општината, како превенција од појава на разни заразни заболувања„ - рече Глигор Манов,советник од ВМРО ДПМНЕ.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски објави дека се планирани средства годинава да се изврши дератизацијата на реката, во должина на Кејот на реката Кумановка. Дератизацијата на целата градска канализациона мрежа е многу голема инвестиција и за тоа е потребен посебен проект и сретства. Парите за дератизација на Кејот ќе влезат во програмата за дезинсекција.