×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целосно нормализирано водоснабдувањето во градот

    06.01.2010 12:56 | KumanovoNews

    Директорот на ЈП „Водовод“, Виктор Божиновски на денешната прес - конференција соопшти дека во целост е нормализирано водоснабдувањето во градот откако Водостопанство „Кумановско - липковско поле“ испорачува доволни количини на вода.

    Целосно нормализирано водоснабдувањето во градот

    До вчера имаше одредени недостатоци на вода во поедини делови на градот, но од синоќа имаме полн капацитет со 210л/с вода од главниот вод, 35л/с по индустрискиот вод и 100л/с од двата бунари во Бедиње и Проевце. Во овој момент Куманово има 345 л/с вода, количина доволна за потребите на граѓаните и сите други корисници“ - рече директорот Божиновски.

    Тој изрази надеж дека овие проблеми се надминат и дека во иднина граѓаните нема да се најдат во слична ситуација.

    Отпочнати се преговори за да се најде заедничко решение на проблемот на двете јавни претпријатија. Цената од 4,2 денари што ја предлагаат од „Кумановско-липковско поле“ е за 99 проценти покачување на сегашната цена. Тоа е апсолутно не прифатлива за ЈП „Водовод“, исто како и гарантираната количина од 5.000 м3. Ние не сакаме да потпишеме штетен договор, кој нема економска оправданост“ - вели Божиновски.

     Состојбата со водоснабдувањљето во градот ќе биде разгледана на наредната седница на Советот на општината.