×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Не правиме маалски и улични тендери

    04.10.2010 15:20 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги отфрли обвинувањата и нападите на автопревозниците и партијата ВМРО-ДПМНЕ дека локалната власт учествувала во местење на тендерите за превоз на ученици во основните и средни училишта во градот.

    Дамјановски: Не правиме маалски и улични тендери

     Тој смета дека случајот е изполитизиран со цел да се наруши угледот на локалната самоуправа и градоначалникот.

    Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да прави локална самоуправа по систем на доделување на тендери по маалски и улични потреби на граѓаните и да ангажира определена група на луѓе, кои ќе возат со било какви возила и каде што ќе сакаат, само да ги задоволи потребите на нивните активисти, тоа ќе значи кршење на законите за децентрализација, образование и безбедност во сообраќајот. Затоа упатувам порака до ВМРО-ДПМНЕ  наместо да врши притисок за да ги задоволи своите симпатизери,  подобро да ги усмери тие луѓе да направат претпријатија и организации по пропишаните стандарди за да се вклучат во регуларниот градски превоз-рече градоначалникот Дамјановски.

    За обвинувањата дека се манипулира со бројот на учениците, градоначалникот ги повика заинтерсираните да извршат увид во заклучоците од ревизијата за да се уверат во исправноста на целата постапка. Како пример дека централната власт не води сметка за образованието Дамјановски го посочи кратењето на наменските сретства со што Куманово изгуби над 45 милиони денари.