×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Пачков запрените инвестиции да ги бара во министерствата

    24.08.2010 13:01 | KumanovoNews

     Градоначалникот го повика својот колега лекар, нарекувајќи го бивш комунист, социјалист, синдикалец и уште што не, ако сака да помогне во развојот на градот тогаш да се заложи кај централната власт да не се стопираат проектите на локалната самоуправа.

    Дамјановски: Пачков запрените инвестиции да ги бара во министерствата

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска ги отфрли обвинувањата на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Јордан Пачков дека во градот нема капитални инвестиции. При тоа го повика својот колега лекар,нарекувајќи го бивш комунист, социјалист, синдикалец и уште што не, ако сака да помогне во развој на градот тогаш да се заложи кај централната власт да не се стопираат проектите на локалната самоуправа.

     Куманово има инвестиции за инфраструктурни проекти во висина од 160 милиони денари и во моментот се работи на 17 проекти. Мислам дека засега ниту една друга општина не може да се пофали со толкави инвестиции. Би сакал да го потсетам господинот, кој е душебрижник за Куманово, зошто  откако е член на Советот не се заинтересира да замине во нивните ресорни министерства и да побара да му ја кажат причината зошто деталните и генерални урбанистички планови за промена на централното градско подрачје на Куманово не се решаваат со години и со тоа се кочи реализацијата на програмата на локалната администрација. Зошто А.Д. „ГАМА„, која е во сопственост на владата две години не ни дава согласност за приклучок за дистрибуција на гас - праша Дамјановски.

    Во врска со обвинувањата за непродуктивни патувања, градоначалникот тврди дека трошоците за таа намена се минимални и изнесуваат 531 илјада денари за 6 месеци.

    Градот има направено многу во својата промоција, а за тоа покажува членството во Балсинет, најголемата мрежа на градови на Балканот и наградата најградоначалник во регионот. Она што ние го постигнавме е пример за успешна локална самоуправа- вели Дамјановски.

    Тој смета дека Пачков не ја научил задачата како советник, бидејќи не знае дека ставката за улично осветлување, како комунална такса Општината ја плаќа по цена одредена од ЕВН, а не од градот.

    Во последните три години градот е побогат за 600-700 сијалични места.Ќе настојуваме Куманово да го направиме Лас Вегас,во позитивна смисла осветлен, блистав и цивилизиран, а не како што предвидуваа  нашите политички противници - заврши градоначалникот.